Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Измени во Законот за возила, станиците за технички преглед ќе даваат потврда за регистрирано возило
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровести > Измени во Законот за возила, станиците за технички преглед ќе даваат потврда за регистрирано возило
Агровести

Измени во Законот за возила, станиците за технички преглед ќе даваат потврда за регистрирано возило

Објавено 14/07/2025
Сподели
2 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Предлог-измените на Законот за возила со кои се очекува да се олесни процесот на регистрирање на возилата денеска го поминаа собранискиот филтер во матичната Комисија за економски прашања, труд и енергетска политика. 

Претседателот на Комисијата, кој воедно е и еден од предлагачите, Бојан Стојановски образложи дека измените се направени со цел да се поедностави процесот на регистрирање на возила. Со измените им се дава можност на станиците за технички преглед да даваат потврда за регистрирано возило, врз основа на претходно утврдени критериуми, која ќе се поистоветува со печатот во сообраќајната дозвола. Се предлага исто така регистрацијата да се врши на цела територија на државата, а не како досега во близина на местото на живеење.  

– Во разговор со нашите сограѓани и со организациите кои ги опфаќа овој закон дојдовме до заклучок дека процесот на регистрирање на возило може да биде пресложен особено заради тоа што има мал број извршители во Министерството за внатрешни работи кои работат во станиците за технички преглед што значи дека и целосно да е завршена процедурата за преглед на возилото, сепак ќе треба да чекате неколку дена за да добиете печат во сообраќајната дозвола и затоа одлучивме да направиме неколку новитети, рече Стојановски. 

За овој Предлог-закон, како што информираше Стојановски, не се поднесени амандмани во законскиот рок. 

На 33. седница на Комисијата поминаа и измените на Законот за метрологија во прво читање. 

МИА

Може да ви се допадне

Повик за пријавување на штети на земјоделски насади од природна  непогода – голомразица на територијата на Општина Ресен
Индустриското производство во април зголемено за 7,6 отсто
Дурмиши: Цените се стабилни, ако кризата продолжи и има енормно зголемување, ќе преземеме мерки
МЕФ 2026 втор ден: Интеграцијата во енергетскиот пазар претставува важен дел од процесот на европска интеграција, земја која не е доволно поврзана со регионот е поранлива
Во целост исплатена еврообврзницата издадена во 2020 година во вкупен износ од 700 милиони евра
Таг:автомобилирегистрацијатехнички
Претходен напис 20 километри од автопатот Кичево – Охрид од денеска се пуштени во употреба
Следен напис Потпишување на грант-договор со ЕБРД
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?