Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: (ВИДЕО) Стоилев: Набрзо ќе има исплати по неколку мерки од програмата за 2024 година, особено во сточарството
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровести > (ВИДЕО) Стоилев: Набрзо ќе има исплати по неколку мерки од програмата за 2024 година, особено во сточарството
Агровести

(ВИДЕО) Стоилев: Набрзо ќе има исплати по неколку мерки од програмата за 2024 година, особено во сточарството

Објавено 16/06/2025
Сподели
2 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Директорот на АФПЗРР Илија Стоилев во емисијата „Студио 10“ на 24 ТВ информираше за неколку важни теми од земјоделското производство, особено за начинот на исплатата на земјоделските субвенции.

-Исплатата на субвенциите, со најновите налози кои ги имаме подготвено очекуваме да биде 81% реализација од вкупните субвенциите за 2024 година. Во овој период, за многу кратко време ќе се исплатат субвенции од областа на сточарското производство. Завршени се сите админитративни контроли и списоците и испратени во трезор за мерка 2.2 за говедарството. Завршени се исто така налозите за мерка 11 во делот произведено и предадено јагне во кланица и мерката 1.3 за остварен принос на пченица и јачмен. И овие налози се завршени и испратени до трезор и земјоделците многу брзо ќе ги добијат своите субвенции – изјави Стоилов.

Тој потенцираше дека 16 месеци доцнење во делот на сточарството е недозволиво и тоа сега го решаваат.

-Ги чекаме последните податоци од млекарниците кои вршат откуп на млеко и очекуваме почеток на јули да биде исплатено млекото од првиот квартал за 2025 година. На тој начин полека да се регулира навремена исплата и на млекото бидејќи намалувањето на бројот на добиток и домашното млекопроизводство се должи на досегашното доцнење во исплатата на субвенциите – изјави Стоилев.

Изјавата почнува од 8 минута во видеото:

Сите земјоделски производства се субвенционираат, од сите сите земјоделски гранки но посебен акцент треба да се стави на субвенционирање на органското производство. Не е лесно да се произведе, инпутот е повисок, но производот е поразличен и со подобар вкус. Во сточарството тоа е уште покомплексно и треба се работи напорно за да може да се добие органско сточарско производство – изјави директорот на платежната агенција, Илија Стоилев.

Може да ви се допадне

Раст на БДП од 3,1 отсто во првиот квартал
СКСЗМ одбележа 20 години јубилеј, две децении посветеност на економскиот развој и поддршка на приватниот сектор
Славески: Народната банка треба да добие механизми за ограничување на банкарските надоместоци
Бјорн Наумовски Вискиус за МИА: Овдешната бирократија е вистински шок за Швеѓаните, но и тие можат многу да научат од овде за топлината и прилагодливоста во тешкотиите
Во грчките градови Кожани и Агринио уапсени 13 лица за измами со европските земјоделски субвенции во висина од 2,5 милиони евра
Таг:говедарствомеркимлекоПродолжува исплатата на субвенциисточариСубвенции
Претходен напис „СТРЕЖЕВО“ почна со полнење на цевководите за наводнување
Следен напис СТОИЛЕВ СО АПЕЛ ДО ОПШТИНИТЕ: Има интерес и пари за рурален туризам преку ИПАРД, проблем се дозволите за градба
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?