Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: СТОИЛЕВ СО АПЕЛ ДО ОПШТИНИТЕ: Има интерес и пари за рурален туризам преку ИПАРД, проблем се дозволите за градба
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровести > СТОИЛЕВ СО АПЕЛ ДО ОПШТИНИТЕ: Има интерес и пари за рурален туризам преку ИПАРД, проблем се дозволите за градба
Агровести

СТОИЛЕВ СО АПЕЛ ДО ОПШТИНИТЕ: Има интерес и пари за рурален туризам преку ИПАРД, проблем се дозволите за градба

Објавено 16/06/2025
Сподели
2 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

-Преку Мерка 7 од ИПАРД 3 програмата се поддржуваат мали сместувачки капацитети во рурални средини, тоа се населени места до 30 000 жители. Имаме сериозна заинтересираност но проблем е неможноста да добијат дозвола за градење. Тука мора да се вклучат Општините за да може заинтересираните да ги користат овие средства. Апелирам до сите, има интерес, сериозен интерес, но мора тие средини да се урбанизираат за да може да се користат овие пари. Сигналите кои ги добиваме од Брисел е дека мора да имаме акредитирање и на нови мерки и тоа е она на што ќе работиме во следниот период – изјави Стоилев во емисија на 24ТВ.

Директорот на АФПЗРР Илија Стоилев во емисијата „Студио 10“ на 24 ТВ информираше за неколку важни теми од земјоделското производство, особено за начинот на исплатата на земјоделските субвенции.

-Исплатата на субвенциите, со најновите налози кои ги имаме подготвено очекуваме да биде 81% реализација од вкупните субвенциите за 2024 година. Во овој период, за многу кратко време ќе се исплатат субвенции од областа на сточарското производство. Завршени се сите админитративни контроли и списоците и испратени во трезор за мерка 2.2 за говедарството. Завршени се исто така налозите за мерка 11 во делот произведено и предадено јагне во кланица и мерката 1.3 за остварен принос на пченица и јачмен. И овие налози се завршени и испратени до трезор и земјоделците многу брзо ќе ги добијат своите субвенции – изјави Стоилов.

Тој потенцираше дека 16 месеци доцнење во делот на сточарството е недозволиво и тоа сега го решаваат.

-Ги чекаме последните податоци од млекарниците кои вршат откуп на млеко и очекуваме почеток на јули да биде исплатено млекото од првиот квартал за 2025 година. На тој начин полека да се регулира навремена исплата и на млекото бидејќи намалувањето на бројот на добиток и домашното млекопроизводство се должи на досегашното доцнење во исплатата на субвенциите – изјави Стоилев.

Може да ви се допадне

Ќе биде прогласена епидемија во Гостивар: Стотици прегледи на Инфективното одделение, тројца хоспитализирани
Серафимовски: Задругата ја зголемува економската сила на земјоделецот и сточарот
Големината, разновидноста и особеностите на Националниот парк „Шар Планина“бараат стручност, добра организација и постојано присуство
Министерот Серафимовски на „Фестивал на жетва“ во Новаци: Секое зрно пченица е плод на макотрпна работа, одговорност и љубов кон земјата
Удар за турскиот извоз: Русија го ограничи увозот на праски, сливи и цреши
Таг:ипардмерка 7општинирураленстоилев
Претходен напис (ВИДЕО) Стоилев: Набрзо ќе има исплати по неколку мерки од програмата за 2024 година, особено во сточарството
Следен напис На почеток на јули – субвенции за МЛЕКО
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?