Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Еврокомисијата воведе ограничување на употребата на две хемиски супстанции во индустријата 
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровести > Еврокомисијата воведе ограничување на употребата на две хемиски супстанции во индустријата 
Агровести

Еврокомисијата воведе ограничување на употребата на две хемиски супстанции во индустријата 

Објавено 03/06/2025
Сподели
2 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Европската комисија денеска донесе одлука со која се воведува ограничување на употребата на хемиските супстанции диметилацетамид (ДМАЦ) и 1-етил-2-пиролидoн (НЕП) во индустриското производство, како мерка за да заштита на работниците од нивната изложеност. 

ДМЦА и НЕП се растворувачи што се користат во многу индустриски процеси, вклучително и при производство на хемикалии, премази, средства за чистење и вештачки влакна. ДМАЦ најчесто се користи во производство на синтетички влакна и лакови за електрични жици, додека НЕП се наоѓа во производи како раствори за чистење, агрохемикалии и градежни материјали. Двете супстанции се користат и во лаборатории. 

Со новите мерки, усвоени според Регулативата на ЕУ за регистрација, евалуација, овластување и ограничување на хемикали, се поставуваат строги ограничувања за изложеност, вдишување и контакт со кожа со овие супстанции, со што ќе бидат заштитени работниците кои редовно ракуваат со нив. 

За да ја поддржи имплементација на оваа одлука, Европската агенција за хемикалии ќе ги ажурира постојните упатства за користење на супстанции, што ќе им помогне на компаниите подобро да ги сфатат и да се придржуваат кон новите барања. 

Со цел да им се овозможи на корисниците да се прилагодат на новите правила за ограничување на употребата на овие супстанции, предвиден е преоден рок од 18 месеци за почеток на нивна примена. Исклучок има само кај употребата на ДМАЦ во секторите за производство на вештачки влакна, каде е предвиден преоден период од четири години.

МИА

Може да ви се допадне

Жетвата на житото почна, а уште нема цена за него
АХВ утврди неправилности и кај месните производи
Лозовите насади на тероар вината на „Тиквеш“ меѓу најдобрите во Европа
Раст на БДП од 3,1 отсто во првиот квартал
СКСЗМ одбележа 20 години јубилеј, две децении посветеност на економскиот развој и поддршка на приватниот сектор
Таг:ДвеЕврокомисијатаограничувањесупстанции
Претходен напис Климатските промени се само сегмент во намаленото земјоделско производство
Следен напис УХМР: Мај постуден од вообичаено и нормално врнежлив со исклучок на Охрид
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?