Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Климатските промени се само сегмент во намаленото земјоделско производство
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровести > Климатските промени се само сегмент во намаленото земјоделско производство
Агровести

Климатските промени се само сегмент во намаленото земјоделско производство

Објавено 03/06/2025
Сподели
5 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Климатските промени се само еден од сегмените за намалување на земјоделското производство. Проблемот е структурно посериозен, сметаат дел од учесниците на 25. форум за земјоделска политика, што денеска и утре се одржува во Охрид во организација на Постојаната работна група за регионален рурален развој (SWG) во Југоисточна Европа и Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство.

Државата, како што истакна државниот секретар во Министерствот за земојделство, шумарство и водостопанство Борче Серафимовски, се обидува да се справи со климатските промени и како до поквалитетно земјоделство, нормална продукција и заштита на земјоделските производи.

– Како држава сме ориентирани пред се на производство на земјоделски производи, но сите дефицити треба да ги увеземе. Сепак тој сооднос на произведеното и увезеното е исклучителен важен, бидејќи на тој начин ние даваме поддршка на македонскиот земјоделец. Така ќе можеме да ги мотивираме и младите и останатите да продолжат со оваа земјоделска дејност, која е добра професија и особено значајна за мала држава како Македонија, рече Серафимовски.

Најмногу погодени од климатските промени, според него, се централниот и источниот дел од државата, зголемени температури, сушни периоди, мало количество дожд, недоволната концентрација вода во акумулациите за наводнување на земјоделските површини…

Професорот од земјоделскиот факултет во Скопје, Ордан Чукалиев, смета дека земјоделството во земјава е многу расцепкано, а голем проблем е и просечната старост на земјоделецот.

– Климатските промени се само еден од сегмените, ние имаме структурно посериозни проблеми во земјоделството. Прво сме силно расцепкани, нашата просечна фарма е два хектари, што е малку за да живееш од нејзе, тоа не е економски профитабилно стопанство. Втор проблем е возраста. Во 2015 година возраста на просечниот македонски земјоделец беше 56 години, од тогаш многу малку млади влегуваат во секторот, сега нашиот просечен земјоделец е постар од 60 години, вели Чукалиев.

Но, најголем проблем, според него, е образованието.

– Ако погледнете по структурата на вработени во земјоделскиот сектор и колку од нив имаат било какво формално образование од областа на земјоделството, тоа е помалу од 0,1 отсто. Најголем дел од македонските земјоделци се со незавршено или завршено основно образование. Прво мораме да си ги решиме структурните проблеми, а потоа и како можеме да го унапредиме производството во Република Македонија, рече Чукалиев.

И генералниот секретар на постојаната работна група за регионален рурален развој во Југоисточна Европа, професорот Бобан Илиќ смета дека климатските промени не се првенствен фактор кој влијаат на намалувањето на производството и земјоделските површини.

– Земјоделскиот сектор не е атрактивен за млади луѓе, профитната маржа или обезбедување основна живеачка е дискутабилна. Процесот на иселување и стареењето на руралната популација. Имаме напуштање на селата. Тоа не е својствено само за Македонија, тоа е европски тренд, вели Илиќ, нагласувајќи дека е потребна регенерација на руралните региони, за што во повеќе земји во Европа се основаат и посебни министерства кои работат на проблематиката.

За заштита од климатските промени, нагласи тој, можеме само да се прилагодуваме. Една од мерките, која била посочена на форумот, и се применува во Европа се агриволтаиците, од кои би имало двојна корист, од производството на земјоделски производи и од производството на електрична енергија. Агриволтаиците се класични фотоволтаици, кои се поставуваат над земјоделските површини.

– Агриволтаиците ќе бидат за заштита на земјоделските производи од град, суша, снег. Би било доста интересно да се размислува во наредниот период за да се искористат европските практики и да се имплементираат и кај нас. Ние немаме законска регулатива, кај нас има само поставување фотоволтаици на земја и на кровови. Во Европа е тренд и треба да се воспостави ваква позитивна пракса, истакна Серафимовски.

Инвестициите во агриволтаици, Илиќ смета дека ќе овозможат заштита на земјоделските површини, а истовремено и производство на електрична енергија од сонцето.

– Во исто време произведувате струја и имате заштита на земјоделското производство. Но тука проблем е големата бирократска процедура и добивањето дозволи. Инвеститорите на крај ќе се откажат чекајќи дозволи и одлуки. Во тој дел треба да се направат јасни и брзи процедури, истакна Илиќ.

На Форумот за земјоделска политика (APF), учествуваат 100-тина експерти од во Југоисточна Европа и Молдавија да дискутираат за клучните проблеми и можности кои го засегаат земјоделското производство во регионот. 

МИА

Може да ви се допадне

Жетвата на житото почна, а уште нема цена за него
АХВ утврди неправилности и кај месните производи
Лозовите насади на тероар вината на „Тиквеш“ меѓу најдобрите во Европа
Раст на БДП од 3,1 отсто во првиот квартал
СКСЗМ одбележа 20 години јубилеј, две децении посветеност на економскиот развој и поддршка на приватниот сектор
Таг:земјоделскоклиматските променинамаленотопроизводство
Претходен напис ОЕЦД: Се понеповолни изгледи за светската економија поради новите царини
Следен напис Еврокомисијата воведе ограничување на употребата на две хемиски супстанции во индустријата 
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?