Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Димитриеска-Кочоска на средба во СКСМ – Намалуваме царини на 70 производи, ќе се зголеми производството и извозот
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровести > Димитриеска-Кочоска на средба во СКСМ – Намалуваме царини на 70 производи, ќе се зголеми производството и извозот
Агровести

Димитриеска-Кочоска на средба во СКСМ – Намалуваме царини на 70 производи, ќе се зголеми производството и извозот

Објавено 22/05/2025
Сподели
3 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Намалување на царинските стапки за околу 70 производи, главно репроматеријали и суровини, најави министерката за финансии Гордана Димитриеска-Кочоска, денеска на средба во Стопанската комора.

„Во владина процедура е предлог-законско решение со кое ќе се намалат царинските стапки на повеќе производи, со што ќе овозможиме компаниите повеќе да произведуваат и повеќе да извезуваат. Од 1 јули ќе се изврши намалување до 50% од царинските стапки кои важат во ЕУ и дополнително во наредниот период уште 50% ќе бидат намалени“, рече министерката за финансии.

На средбата, која што претставува редовна комуникација со бизнис заедницата, стана збор за прашања кои се однесуваат на предвидливоста во бизнисот, актуелни теми, како и спроведување анкети меѓу членките со цел детектирање на прашања на кои треба да се работи за подобрување на бизнис условите и пружањето услуги од страна на администрацијата кон приватниот сектор.

Претседателот на СКСМ Бранко Азески потенцираше дека бизнис заедницата е задоволна од она што го презема Владата, но дека тоа оди со побавно темпо.

Упати барање 70% од работите што ќе се изведуваат при спроведување на проектите поддржани преку Договорот за стратешко партнерство со Обединетото Кралство, да бидат реализирани од страна на домашните компании. Изрази задоволство од реализацијата на унгарскиот заем наменет за компаниите и дека тој ќе се спроведе како што било планирано. Во однос на солидарниот данок наведе дека е постигнато заеднички да се намали рокот во кој државата ќе го врати кон компаниите од оној до 5 години утврден со одлуката на Уставниот суд и дека заеднички ќе се утврди и модалитетот на враќање.
Министерката за финансии во врска со реализацијата на проектите коишто ќе добијат поддршка преку Договорот за стратешко партнерство со Обединетото Кралство, наведе дека станува збор за рамка од 5 милијарди фунти кои ќе може да се повлекуваат во наредните 10 години, а повлекувањето ќе се одвива врз основа на готови проекти. Средствата за финансирање ќе се бараат откако ќе има готов проект и дека условите ќе зависат од рокот на отплата, но при изборот ќе се користи изворот кој ќе даде најповолни услови.

„Британската Влада со овој Договор застанува зад Македонија и гарантира дека ние ќе ги вратиме средствата“, наведе министерката за финансии.

Може да ви се допадне

Жетвата на житото почна, а уште нема цена за него
АХВ утврди неправилности и кај месните производи
Лозовите насади на тероар вината на „Тиквеш“ меѓу најдобрите во Европа
Раст на БДП од 3,1 отсто во првиот квартал
СКСЗМ одбележа 20 години јубилеј, две децении посветеност на економскиот развој и поддршка на приватниот сектор
Таг:извозКочоска
Претходен напис Зголемен извоз на земјоделски производи за пет отсто, Владата најавува натамошна поддршка
Следен напис EK: Вонредна поддршка од 15 милиони евра за земјоделците во Чешка, Словенија и Германија
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?