Во новиот Закон за земјоделство и рурален развој кој е ставен на разгледување на ЕНЕР, се предлага поддршка на трошоците за набавка на гориво за земјоделска механизација.
Поддршка на трошоците за набавка на гориво за земјоделска механизација
Член 157
(1) Поддршка на трошоците за набавка на гориво за земјоделска механизација е помош наменета за компензација на дел од трошоците на земјоделските стопанства за набавка на гориво за земјоделска механизација.
(2) Помошта од став (1) на овој член е во висина до 100% од трошоците на земјоделските стопанства за набавка на гориво за земјоделска механизација но не повеќе од 100.000 денари по земјоделско стопанство.
(3) Помошта од став (1) на овој член се доделува со давање на платежни картички за набавка на гориво во определен износ.
(4) Висината на помошта од став (2) на овој член се утврдува по земјоделски производи или групи на земјоделски производи врз основа на износот на трошоците за гориво кое е потребно за обработка на единица земјоделска површина во текот на една производна година.
(5) Процентот на помошта од став (2) на овој член се утврдува во програмата за финансиска поддршка во земјоделството.
(6) Износот на помошта од став (4) на овој член по единица земјоделска површина по земјоделски производ или групи на земјоделски производи ги пропишува Владата со програмите од член 10 став (1) од овој закон.
МЗШВ ве повикува да го разгледате новиот закон на ЕНЕР и да дадете ваш коментар.
https://ener.gov.mk//Default.aspx?item=pub_regulation&subitem=view_reg_detail&itemid=110421
