Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: (ВИДЕО) Најдовски – Млекара ЗДРАВЈЕ: Произведуваме од најквалитетното македонско млеко, 44% го зголемивме извозот во ЕУ и не застануваме тука
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агросектор > (ВИДЕО) Најдовски – Млекара ЗДРАВЈЕ: Произведуваме од најквалитетното македонско млеко, 44% го зголемивме извозот во ЕУ и не застануваме тука
Агросектор

(ВИДЕО) Најдовски – Млекара ЗДРАВЈЕ: Произведуваме од најквалитетното македонско млеко, 44% го зголемивме извозот во ЕУ и не застануваме тука

Објавено 23/04/2025
Сподели
7 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Млекарa ЗДРАВЈЕ – Македонска компанија, домашен бренд со производи исклучиво од домашно млеко, играч на европскиот пазар со 44 % зголемен извоз на своите производи. Посебноста е во квалитетната суровина, исклучиво од домашно млеко, најмногу од фармите на ЗК Пелагонија и следењето на модерните технологии и стандардното производство. Квалитетот на сирењето на македонскиот пазар и парчето сирење на трпезата на Европејците е со истиот квалитет и препознатлив вкус. Успехот е уште поголем ако се знае дека на европската сцена се силни играчи, а критериумите се строги и правилата се веќе воспоставени. Одлуката сепак ја носи потрошувачот кој го има последниот збор, тој бира.

Ние одбравме да ви ја претставиме ЗДРАВЈЕ – Млекарницата број еден по чистота и квалитет на млеко.

Млекара Здравје Радово е компанија основана во 2001 година со дејност преработка на млеко и производство на сирења. Од почетокот до денес, забележлив е континуиран развој вo производствената програма и раст на бројот на производи.

Од 2018 година производствените капацитети кои беа во Струмица и Куманово се комплетно префрлени во Битола, на 6000 метри квадратни. Дневен капацитет преку 80 тони млеко, но поради сегашната ситуација во Македонија дневно работат со 30% – 40% капацитет.

Лидери во тврда програма – сирења и кашкавали, а произведуваат и течна програма, јогурт, павлака… Oд 2018 годинина инвестираат во неколку важни процеси и технологии како и нови производи.

За почетоците, моменталната состоја и плановите за натамошен развој, за Агротим зборува извршниот директор Златко Најдовски.

– Најмногу се инвестираше во оптимизирање на самиот процес на производство, најважно е да ги сетирате сите параметри кои ви се клучни за успех во бизнисот – откупот на млеко, затворањето на ладниот ланец, и нормално тука е нашиот најголем извор на суровина од најголемата фарма во овој дел од Европа, ЗК Пелагонија, 70% од млекото доаѓа од таму.

Инвестиравме во ултра модерна линија во производство на – пробиотски јогурт- БЕНЕФИТ во картонско пакување, со LGG културата која е најактуелна на светскиот пазар во соработка со Кристијан –Хансен (Данска) кој е број еден производител на култури за млечната индустрија во светот. Процесната опрема за јогуртот е завршена во 2023 година и од тогаш сме присутни на пазарот, внимателно настапивме, посебен акцент се става на квалитетот на млекото – вели извршниот директор на „Здравје“ Златко Најдовски.

Кога станува збор за производство на сирењата и кашкавалите, овде ЗДРАВЈЕ е неприкосновен лидер и добро познат на македонскиот потрошувач. Но предизвикот е да се освои пребирливиот европски пазар.

– Кога се работи за тврдата програма ние сме веројатно, единствената млекарница која произведува баш традицинален концепт на бело сирење или фета сирење како што го знаат и не постои ни едно парче кое излегло од млекарница без да зрее еден месец. Секој производ кај нас е добиен од чисто млеко, од македонско потекло, ние не увезуваме млеко, не користиме ништо друго како додаток, комплетно и единствено само од домашно млеко, секој производ е од чисто млеко. Тоа важи за сирењето, кашкавалот, пармезанот и течната програма. Го имаме извозниот број за ЕУ, нашиот извоз е околу 10% од вкупното производство, а извозот во 2024 во однос на 2023 порасна 44%. Нашиот домашен потрошувач го консумира истиот производ што е пласиран и во ЕУ – потенцира Најдовски.

Плановите за оваа година на компанијата се уште поголемо зголемување на извозот во Европската Унија. Исполнети се највисоките стандарди моментално во целиот свет за производство на млечни производи. Најголем дел опфаќа квалитетот на самата суровина, а Здравје за своите производи го има најдоброто домашно млеко од ЗК Пелагонија.

– Извоз во овој момент мислиме да го зголемиме уште за 20 % над тие 44 %, имаме веќе писма со намери со многу маркети во ЕУ, но и нови договори со маркети во Бугарија. Кога зборуваме за ЗК Пелагонија тоа е најголемата краварска фарма во овој дел од Европа. Најсовремена и најдобра фарма за сурово млеко, подобра фарма од неа нема. Тие испорачуваат резултати кои лесно можат да се утврдат и се видливи. Европската берза го квалификува млекото на одредени параметри, и вие може да видите каде сте со млекото што го произведувате, во која линија се движите од тие европски просеци и параметри. За илустрација, по хемиските параметри просекот во ЕУ во земјите, како Холандија е 3,43 % протеини и 4,2 маснотии. ЗК Пелагонија просекот на годишно ниво е над 4.4 % маст и 3,55 протеин. Она што ЗК Пелагонија го има во протеинот, некои го нема ни во маст. Пикот на протеинот некогаш достигнува и до 3,8 % и што е уште поважно секоја година имаат повторливост. Тоа значи дека имаат повторливост на постапките и на производството. И нас ни е многу полесно да произведуваме и испорачаме таков производ на Европските пазари. ЗК Пелагонија е професионален конгломерат и гордост на целата држава кога станува збор за производство на домашно млеко и треба да се поддржи ваквото производство и од страна на државата – вели Најдовски.

70% од млекото е од ЗК Пелагонија, помал дел од 30% се обезбедува од помалите фармери со кои млекарата има соработка. Кооперантските односи со сточарите секоја година се унапредуваат и се гради еден партнерски однос во примарно производството на квалитетно млеко.

-Многу внимателно ги одбираме фармерите, сакаме да работиме на наша поголема соработка. Критериумот е да биде чисто млекото, запазен здравствен статус и се што бара државата како стандарди мора да бидат исполнети. Преку 80%, близу 90% млекото е со одличен квалитет. Заедно со млекото од фармите на ЗК Пелагонија, ние сме млекарница број еден по чистота и квалитет на млеко – потенцира Најдовски.

Затоа да повториме – Домашно производство, сила на една компанија и освоени рафтови во европски маркети. Тие што се во бизнисот, знаат колку е тешко ова да се постигне, колкави инвестиции и какво визионерство на менаџментот се потребни за да се дојде до Македонски бренд како наш претставник на строгиот европски пазар. Ете тоа е млекарницата Здравје.

Може да ви се допадне

АХВ: Утврдени манипулации во декларираните проценти на млечни масти во преработки од млеко
Од 1 јули дополнително намалување и целосно усогласување на царинските стапки со ЕУ за 70 суровини и репроматеријали што се користат во домашната индустрија
Албанија напредува во преговорите со ЕУ – Рама и Кос: Европската интеграција влегува во одлучувачка фаза
ЕУ го казни „Тему“ со 200 милиони евра заради нудење и пласирање нелегални производи
Просечната работна недела во ЕУ е 35,9 часа, во Македонија 39,5
Таг:еуздравје радовоизвормлеко
Претходен напис ММФ прогнозира раст на македонската економија од 3,2 проценти
Следен напис Неделава променливо облачно и нестабилно време
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?