Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Ќе се преполови бројот на работни дозволи за македонските печалбари – германските власти со построги критериуми за Западен Балкан
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровести > Ќе се преполови бројот на работни дозволи за македонските печалбари – германските власти со построги критериуми за Западен Балкан
Агровести

Ќе се преполови бројот на работни дозволи за македонските печалбари – германските власти со построги критериуми за Западен Балкан

Објавено 20/03/2025
Сподели
5 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Новиот коалициски договор на германските партии предвидува сегашниот број од 50.000 работни дозволи за Западен Балкан да се преполови и да се овозможи доаѓање на 25.000 работници годишно за да се контролира имиграцијата и да се намали притисокот врз домашниот пазар на труд

Доколку Германија го преполови бројот на работници што доаѓаат од земјите на Западен Балкан, тоа ќе ги засегне и македонските граѓани што планираат да заминат на печалба во оваа земја, дознава „Слободен печат“ од агенциите што посредуваат при вработувањето во странство. Во последниве години Македонците сè повеќе заминуваат на работа во оваа земја….Актуелните одредби, кои датираат од 2016 година, овозможија легално доаѓање на нискоквалификувани работници од БиХ, Србија, Албанија, Црна Гора, Косово и од Македонија во Германија, а квотата по неколку години успешно спроведување на програмата е ограничена на 50.000 работници.

Врз основа на Регулативата за Западен Балкан, податоците покажуваат дека околу 76.000 граѓани на Србија, Босна и Херцеговина, Црна Гора, Македонија и Албанија имале дозволи во Германија на крајот на 2023 година. Ова претставува зголемување од 22 отсто во споредба со 2022 година, кога Германија имаше околу 62.000 работници што имаа дозволи од овие земји.

Само во 2022 година повеќе од 53.000 граѓани на Македонија се преселиле во Германија, речиси двојно повеќе од над 32.000 граѓани што се доселиле во 2021 година во оваа земја, каде според последниот попис од 2022 година живеат 222.000 македонски граѓани, соопштија од Институтот за јавна политика „Арбен Џафери“ во 2023 година. Најголем дел од нив работат во транспортни компании како возачи, а некои и во фабрики за производство на храна. Жените, освен во фабрики, работат и во ресторани за брза храна, но и како хигиеничарки. Берлин, Штутгарт, Хамбург, Хановер, се градовите во кои има најмногу Македонци.

– Германските демохристијани и социјалдемократите преговараат за формирање нова влада, а една од клучните одредби на потенцијалниот коалициски договор во делот поврзан со миграцијата е намалувањето на бројот на работници во Германија од Западен Балкан, пишува Независне. Новиот коалициски договор предвидува сегашниот број од 50.000 лица, да се преполови и да се овозможи доаѓање на 25.000 работници годишно, за да се контролира имиграцијата и се намали притисокот врз домашниот пазар на труд. Сепак, постои загриженост дека таквите кратења би можеле да го влошат недостигот на работна сила во одредени сектори, а има отпор кон овие планови во делот на бизнис-заедницата. Деловните здруженија од градежништвото, грижата и угостителството, предупредуваат дека ваквите кратења би можеле дополнително да го влошат веќе постојниот проблем со недостигот на работници – пренесува Србија данас.

Холгер Шванеке, директор на Централното здружение на германски занаетчии, за „Франфуртер алгемајне цајтунг“ изјави дека намалувањето на квотата на работници од Западен Балкан дополнително ќе го загрози занаетчискиот сектор во Германија. Најважната одредба на ова правило е секој неквалификуван работник што нема диплома или посебна вештина за која може да добие „сина карта“, односно привилегирана имиграција, може да оди во Германија и да бара работа.

Доколку најде работа, потребна му е само потврда од работодавачот дека тој работник му треба, како и формална потврда дека немало кандидати од Германија или од ЕУ за таа позиција. Со овие документи работникот може да оди во германскиот конзулат во својата земја и да побара работна дозвола. Новата коалиција, под притисок на јавното незадоволство поради неконтролираната миграција, планира да преземе неколку мерки за намалување на притисокот врз германскиот миграциски систем, а едно од решенијата е намалување на бројот на работници од Западен Балкан. Преговорите за формирање нова коалиција сè уште се во тек, па конечна одлука за оваа мерка сè уште не е донесена.

Извор – Слободен печат

Може да ви се допадне

БОРЧЕ СЕРАФИМОВСКИ од ЗНАМ ќе биде новиот министер за земјоделсто
Министерство за енергетика: Новиот закон за обновливи извори е реформа што ја менува енергетската иднина на Македонија 
Јуфките од дојранската “Јуфкијада” донирани за трпезите на ранливите семејства од регионот
УЈП одржа шест работилници за е-фактура со поголеми даночни обврзници
Обезбедени се дополнителни над 1,5 милијарди денари за поддршка на земјоделците и капитални инвестиции во водостопанство
Таг:вработенигерманијаЗападен балканработници
Претходен напис Ниските утрински температури направија големи штети кај овошките во Росоманско
Следен напис Земјоделците јавуваат за ШТЕТИ од измрзнување кај расадот од ТУТУН
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?