Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Ниските утрински температури направија големи штети кај овошките во Росоманско
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровести > Ниските утрински температури направија големи штети кај овошките во Росоманско
Агровести

Ниските утрински температури направија големи штети кај овошките во Росоманско

Објавено 20/03/2025
Сподели
1 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Ниските утрински температури направија големи штети кај овошките во Росоманско, оваа информација ја потврди за МИА, Драганчо Николов, советник во Агенцијата за поттикнување на развојот во земјоделството, подрачна единица во Кавадарци.

– Само што бевме на терен како претставници на Агенцијата, после ниските температури во раните утрински часови, што го зафатија Росоманско. Според информациите со кои располагаме, вчера наутро температурите се спуштиле до минус четири, а денеска до минус седум степени, појасни Николов.

Тој истакна дека првичните согледувања од стручни лица на терен, говореле дека има големи штети во овошните насади во Росоманско.

– Станува збор за регион, најголем производител на праски во државата. Првите проверки на лице место, велат дека голем е данокот, што и овојпат го имаат земено ниските утрински температури на прагот на пролетта. Штети има кај дрвцата праски, кајсии, бадеми, кои во овој период од годината се во фаза на полнo цветање. Најголеми се штетите во Росоман и росоманските села Манастирец и Трстеник, подвлече Николов.

Тој додаде дека дополнително ќе се утврдува процентот на штети кај овошките. Засега, во лозарството немало оштетувања од ниските утрински температури, што го зафатија овој регион изминатите два дена.

Може да ви се допадне

Ќе биде прогласена епидемија во Гостивар: Стотици прегледи на Инфективното одделение, тројца хоспитализирани
Серафимовски: Задругата ја зголемува економската сила на земјоделецот и сточарот
Големината, разновидноста и особеностите на Националниот парк „Шар Планина“бараат стручност, добра организација и постојано присуство
Министерот Серафимовски на „Фестивал на жетва“ во Новаци: Секое зрно пченица е плод на макотрпна работа, одговорност и љубов кон земјата
Удар за турскиот извоз: Русија го ограничи увозот на праски, сливи и цреши
Таг:агровестиминусмразпраскиросоманско
Претходен напис Денес е рамноденица – во 16:33 часот доаѓа пролетта
Следен напис Ќе се преполови бројот на работни дозволи за македонските печалбари – германските власти со построги критериуми за Западен Балкан
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?