Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Земјоделците јавуваат за ШТЕТИ од измрзнување кај расадот од ТУТУН
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Растително производство > Земјоделците јавуваат за ШТЕТИ од измрзнување кај расадот од ТУТУН
Растително производство

Земјоделците јавуваат за ШТЕТИ од измрзнување кај расадот од ТУТУН

Последна измена: 20/03/2025 18:36
Сподели
2 мин. за читање
Сподели

Тутунопроизводителите од прилепскиот регион информираат за проблеми со производството на расад од тутун кој го подготвуваат за новата сезона.

Марјанчо Цветковски од Прилеп вели дека поради ниските температури, состојбата со расадот е загрижувачка.

-Оваа година имаме 22 леи, околу 500 метри квадратни. Секоја година крај на февруари, почеток на март го сееме расадот затоа што 60 дена му треба за да биде готов за расадување но годинава ниските температури ни направија штета. Имавме добра заштита но оваа година температурата се симна многу под нулата, беше – 9 степени целзиусови и направи штета. Го сееме порано за да ја фатиме влагата во почвата при расадување. Ако е подоцна потоа на нива се соочуваме со друг проблем – суша -вели Цветковски.

Цветковски вели дека тоа што ќе се спаси од мразот ќе се прихранува и заштити, ќе продолжи со раст но проблем ќе биде слабиот коренов систем.

-Површините за садење веќе ни се подготвени и ќе гледаме да ги засадиме. Ако биде се во ред планираме 4 -5 хектари. Ќе видиме како ќе се одвиваат работите, се надеваме дека ќе го надминеме овој проблем со измзрнувањето. Дополнително се соочуваме со суша уште сега, недостига дожд. Суво и студено време не е погодно за било која култура, така и за тутунот – вели Цветковски.

Може да ви се допадне

Трипуновски од Прилеп: Дефектот на водоводната цевка ќе биде саниран во најбрз можен рок
Царинска управа: На Богородица и Меѓународен аеродром Скопје спречени обиди за шверц на цигари и тутун, над пет илјади алатки за тетовирање
Петнаесет членки на ЕУ бараат промена на Директивата за данокот на тутунски производи
Годинава се очекува зголемено производство на тутун за 15 проценти
До 1000 евра за килограм: Дивиот „зеленчук“ кој расте како луд во Србија се повеќе се бара кај гурманите
Таг:културалеипроблемтутун
Претходен напис Ќе се преполови бројот на работни дозволи за македонските печалбари – германските власти со построги критериуми за Западен Балкан
Следен напис Студено утро, преку денот претежно сончево
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?