Во групата на зрнести намирници богати со протеини спаѓаат првенствено – сојата, грашокот и леќата.
Семето на овие растенија се карактеризира со изобилство на квалитетни протеини, па затоа се додаваат во мешавините за добиточна храна за да се зголеми количината и да се подобри квалитетот на „сварливите“ протеини.
Од сите овие хранливи материи, сојата се издвојува во однос на количината и квалитетот на протеините. Тоа е едно од ретките растенија чии протеини по биолошка вредност се блиски до протеините од животинско потекло. Но, семките од соја, кои покрај протеини содржат и поголем процент на масти, необработени поретко се користат за исхрана на живината, туку после исцедување на маслото во вид на погача или сачма.
Ако семето од соја се внесе во оброкот од живина необработено, подобро е претходно да се зготви или испржи, бидејќи тоа ја зголемува сварливоста на протеините.
Како протеински додаток, сојата обично се користи во количина од 8-12% од тежината на оброкот.
Треба да се напомене дека сите овие хранливи материи, и покрај богатството со квалитетни протеини, не можат целосно да ги заменат протеините од животинско потекло.
Извор: agrosavjet.com
