Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Нов ЈАВЕН ПОВИК бр. 01/2025 за доставување на барања за исплата на средства од Програмата за финансиска поддршка на руралниот развој за 2025година
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Јавни огласи и повици > Нов ЈАВЕН ПОВИК бр. 01/2025 за доставување на барања за исплата на средства од Програмата за финансиска поддршка на руралниот развој за 2025година
Јавни огласи и повици

Нов ЈАВЕН ПОВИК бр. 01/2025 за доставување на барања за исплата на средства од Програмата за финансиска поддршка на руралниот развој за 2025година

Објавено 05/03/2025
Сподели
7 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

ЈАВЕН ПОВИК бр. 01/2025 за доставување на барања за исплата на средства од Програмата за финансиска поддршка на руралниот развој за 2025година

I.        ПРЕДМЕТ НА ОГЛАСОТ

Предмет на овој оглас е доделување на финансиска поддршка за следните мерки:

Група на меркиПомош за зачувување на руралните предели и нивните традиционални карактеристикиМаксимална вредност на прифатливи трошоци (до)
Мерка 213Надомест на трошоци за одржување на висински пасишта и ливади и поддршка на традиционално сточарство–          50.000.000,00 Денари-          не повеќе од 620.000 денари по вработено лице
–          во висина од 100% од исплатената просечна нето-плата во Република Северна Македонија во период од 1 јануари 2023 година до 31 декември 2023 година, како трошок за чување и напасување на добитокот (овци, кози и/или говеда) на пасишта и ливади, односно регистрирани одгледувалишта кои се наоѓаат во населени места со надморска висина еднаква или повисока од 700 метри;-          во висина од 60% од исплатената просечна нето-плата во Република Северна Македонија во период од 1 јануари 2023 година до 31 декември 2023 година, како трошок за чување и напасување на добитокот (овци, кози и/или говеда) на пасишта и ливади, односно регистрирани одгледувалишта кои се наоѓаат во населени места со надморска висина пониска од 700 метри;
Критериум–       Поддршката се доделува во сооднос:  –       1 вработено лице на 150 овци-       1 вработено лице на 100 кози-       1 вработено лице на 50 говеда
Бројот на вработени лица за кои е исплатена поддршката треба да е ист во период од најмалку една година пред годината за која е исплатена поддршката

II.     ПРАВО ЗА КОРИСТЕЊЕ НА СРЕДСТВА

Право на користење на средства по мерки имаат следните субјекти:

СубјектиМерка
Земјоделски стопанства регистрирани согласно Законот за земјоделство и рурален развој во Единствениот регистар на земјоделски стопанства при Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство213

III.   УСЛОВИ ЗА КОРИСТЕЊЕ НА СРЕДСТВА И ДОКУМЕНТАЦИЈА КОЈА СЕ ПОДНЕСУВА

Барањата за пооделна мерка се доставуваат во оригален примерок.

Условите кои треба да ги исполнуваат барателите на средства се утврдени со:

–          Програмата за финансиска поддршка на руралниот развој за 2025 година („Службен весник на Република Македонија“ бр. 29/2025)

–          Правилник за начинот и постапката за спроведување на поддршката за помош за вршење на земјоделска дејност за заштита и унапредување на животната средина („Службен весник на Република Македонија“ бр. 117/2021)

–          Законот за земјоделство и рурален развој („Службен весник на Република Македонија“ бр. 49/2010, 53/2011, 126/2012, 15/2013, 69/2013, 106/2013, 177/2014, 25/2015, 73/2015, 83/2015, 154/2015, 11/2016, 53/2016, 120/2016, 163/2016, 74/2017,83/2018, 27/2019 и „Службен весник на Република Северна Македонија“ бр.152/2019, 244/2019, 275/2019, 110/2021, 123/2022, 65/23 и 218/24 )

Доколку до Агенцијата се поднесат повеќе барања отколку што има расположливи средства за мерката 213, согласно Програмата за финансиска поддршка на руралниот развој за 2025година, Агенцијата ќе им даде предност на оние баратели кои го поднеле своето барање порано од останатите.  

Еден барател може да поднесе едно барање само за една мерка. Еден барател може да поднесе најмногу 2 поединечни барања по различни мерки земајќи ги предвид и останатите мерки од Програмата за рурален развој за 2025 година.

IV.   ПОДИГНУВАЊЕ НА ОБРАСЦИ И УПАТСТВА

Обрасците „Барање за исплата” со листата на потребни документи може да се подигне на веб страната на Агенцијата www.ipardpa.gov.mk.

Горенаведените обрасци може да се подигнат и директно во Агенцијата секој работен ден од 8:30 до 16:30 часот на адреса:

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој,

Ул. 3-та Македонска бригада бр.20 ( Зграда на Македонија Табак блок Ц )

1000 Скопје

V.      НАЧИН НА ДОСТАВУВАЊЕ НА ДОКУМЕНТИТЕ

Пополнетите барања за исплата од Програмата за финансиска поддршка на руралниот развој за 2025 година заедно со целокупната потребна документација се доставуваат на македонски јазик во затворен коверт на кој на предната страна во горниот лев агол стои ознаката “НЕ ОТВОРАЈ“, за Јавен повик број 01/25 и назначување на шифрата на мерката за која се поднесува барањето. Барањето може да се достави по пошта или лично во писарницата на Агенцијата, во спротивно Агенцијата не превзема одговорност за ненавремено и некомплетно пристигнување во писарницата  или предвремено отворање на барањето.

Крајниот рок за доставување на барањата е 31.03.2025година. Барањата доставени по предвидениот рок нема да бидат разгледувани.

Подетални информации на контакт тел. (02) 3097-460 или на контакт е-маил адреса: [email protected] и на веб-страната: www.ipardpa.gov.mk. 

Контакт:

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој, Сектор за одобрување на исплата.

Телефон 02 3097 – 460, секој работен ден од 08.30 до 16.30 часот

E-пошта: [email protected]

Може да ви се допадне

До 15 јуни производителите на вино можат да аплицираат за финансиска поддршка на инвестициите
Јавен повик 1/2026 за доделување на користење на рибите и другите водни организми од рекреативната зона „Брегалница-Штипска“
Општина Илинден со субвенции до 10.000 денари за инвертер клими и соларни панели
Општина Градско распиша јавен повик за пријавување на штети од мраз во земјоделството
Нови јавни повици за ИПАРД се очекуваат во четвртиот квартал од 2026 година
Таг:меркаогласиповици
Претходен напис Сојата во исхраната на живината: Најдобри начини за нејзино користење
Следен напис Нов рекорд во освоени медали за вината на TikvešChâteaux&Domaines на годинешниот MundusVini во Германија
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?