Компанијата Балески-Органик ДОО Валандово заедно со ЗЗ Прва Органска Задруга Валандово, со поддршка од Increasing Market Employability – IME, ги покануваат сите заинтересирани на едукативен настан за одгледување и органско производство на бадеми
Датум: 12 февруари
Време: 10.00 часот.
Локација: Валандово, Дом на култура „25 Мај“
Што да очекувате?
Предавање од експерт од Шпанија, Хуан Пабло Белидо, со долгогодишно искуство во одгледување бадеми
Повеќе за експертот на https://www.youtube.com/@aljemi8097
Практична обука – теренска посета на најблиската плантажа за примена на агротехнички и помотехнички мерки
Обука за органско производство од страна на Балкан Биосерт – запознавање со процедури, можности за сертификација и премин кон органско производство
Информации за откуп и пласман на бадеми
Како да се пријавите?
Пополнете го формуларот на следниот ЛИНК https://cloud.zemi.mk/apps/forms/s/yrgXzfYYiQLbnmecPYqtLm2i или,
Испратете мејл на [email protected] или,
Јавете се на 075 22 52 42
На настанот ќе биде обезбеден превод на македонски јазик. Не пропуштајте ја оваа можност да стекнете вредни знаења и контакти во областа на производство на бадеми!
