Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Трипуновски за субвенционирањето на тутунот: Препораките се едно, а тоа што ние го креираме како држава е сосема друга работа
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровести > Трипуновски за субвенционирањето на тутунот: Препораките се едно, а тоа што ние го креираме како држава е сосема друга работа
Агровести

Трипуновски за субвенционирањето на тутунот: Препораките се едно, а тоа што ние го креираме како држава е сосема друга работа

Објавено 25/12/2024
Сподели
2 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Препораките се едно, а тоа што ние го креираме како држава е сосема друга работа, рече денеска министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Цветан Трипуновски во врска со препораката на Светска банка за укинување на субвенциите за тутунот.

Според Трипуновски, тутунопроизводството е многу важна гранка за нашата држава, а и произведуваме многу квалитетен тутун што е многу баран од надвор.

-Владата му дава сериозен приоритет на тутунското производство, тоа го покажавме и во разговорите со сите откупувачи и земјоделски здруженија изминатиов период. Годинава имаме рекордна, највисока откупна цена на тутунот кој е наша стратешка култура, битна и од економски и од социјален аспект. Овие 400 денари се дополнети со 100 денари субвенција, има зголемување од 80 на 100 денари, или околу 500 денари ќе добие секој тутунопроизводител. Со ова покажуваме дека како Влада сме сериозно посветени да ја одржиме покрај другите и оваа земјоделска гранка што е многу важна за државата зашто произведуваме многу квалитетен тутун кој е многу баран надвор од нашите граници. Со ова што оваа година покажавме сериозна посветеност на оваа гранка, праќаме сигнал дека сакаме да го одржиме ова производство во земјава, истакна Трипуновски, одговорајќи на новинарско прашање по прес-конференцијата во Владата.

Во најновиот „Преглед на јавните финансии на Северна Македонија: Обезбедување стабилност и поттикнување на отпорноста“, Светска банка препорача државава да се откаже од директните плаќања за поддршка на тутунопроизводството. 

МИА

Може да ви се допадне

Жетвата на житото почна, а уште нема цена за него
АХВ утврди неправилности и кај месните производи
Лозовите насади на тероар вината на „Тиквеш“ меѓу најдобрите во Европа
Раст на БДП од 3,1 отсто во првиот квартал
СКСЗМ одбележа 20 години јубилеј, две децении посветеност на економскиот развој и поддршка на приватниот сектор
Таг:креирамеработасубвенционирањетоТрипуновскитутунот
Претходен напис „Здрав оброк за секое дете“ ќе се модифицира, мерката е добро смислена но беше погрешно спроведена, вели Трипуновски
Следен напис Меморандум на Стопанската комора и ДКСК за заедничка борба со корупцијата
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?