Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Николовска: Што може да се научи од настан организиран од врвни професионалци во својата област
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > ЕУ > Николовска: Што може да се научи од настан организиран од врвни професионалци во својата област
ЕУ

Николовска: Што може да се научи од настан организиран од врвни професионалци во својата област

Објавено 22/11/2024
Сподели
5 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image


Денеска се одржа 12 – та сесија на Работната група 1 – земјоделство и рурален развој (Поглавје 11) организирана од Национална конвенција на Европска унија во Република Северна Македонија –

„Меѓу предизвици и можности: Земјоделската политика на Северна Македонија на патот кон пристапувањето во ЕУ“.


На една маса претставници на Владата, амбасади, администрација, домашни и странски експерти, невладин сектор, бизнис сектор…сите елоквентни, на висина на задачата, со познавање на состојбата во своите сектори, со издржани анализи, коментари и сугестии.
Три часа, како лекција за ЕУ и ние.

По воведниот збор на Националната координаторка на НКЕУ – МК, Милева Ѓуровска, во кој се потенцираше важноста на земјоделскиот сектор и долгогодишната исклучителна работа на тимот кој и денеска ја организираше оваа сесија, следуваше поддршката од амбасадорот на Република Словачка, Хенрик Маркуш, а државниот советник во министерството за европски прашања, Драган Тилев не запозна со моменталната состојба со процесот…сесијата почна, баш од почеток, со краток историјат за македонскиот аграр од страна на еден од панелистите, Перица Ивановски, државен советник во МЗШВ.

Неговото излагање не врати во 1995 година и тогашните услови за производство и привилегии кои ги уживаа земјоделците, преку транзицијата и драстичните промени кои ги претрпеа Земјоделските комбинати и земјоделците, новото време и постепеното прилагодување кон Заедничката земјоделска политика на ЕУ.

Бројките беа немилосрдни, успони и падови, се зголемува поддршката, се намалува производството. Недостига добра стратегија, се менуваат политики на 4 години, а руралните средини стагнираат. И додека ние каскаме кон ЕУ, таа на 25 години менува нова стратегија и сега според најавите се свртува се повеќе кон Биодиверзитетот, зачувување на природата и средината, органско производство, а активистите стануваат се погласни и директни во барањата.Владите на земјите членки во ЕУ, како на натревар кој повеќе ќе одговори на барањата на активнистите…

Атмосферата, а и многу од присутните, ме потсетија на скриниг процесот во Брисел и енергијата која ја имаше во салата каде што се презентираше состојбата во македонскиот аграр од страна на нашата администрација. Пораката и сега беше – Да, позната ни е состојбата, но можеме да работиме, имаме капацитет и луѓе, услов е добра стратегија и вложување на државата во професионална администрација.

На оваа тема, според изјавите на дел од присутните претставници од важни инситуции, состојбата станува алармантна, се губат професионалците од министерството за земјоделство и Платежната агенцијa, кои се клучни во овој процес.. Знаеме дека ова го констатира и Европска комисија во секој извештај, да се зајакне администрацијата за да може да одговори на предизвиците. Проблемот е очигледен и тој е дефинитвно само на Владата. Таму се и решенија и механизмите, ако не се слушне нивниот глас, штетата за жал ќе биде за сите.

Познатиот експерт од Словенија, Емил Ерјавец кој веќе 20 години ја следи состојбата во македонскиот аграр, со нескриено разочарување од годините што поминаа, а ние сеуште сме на иста позиција, порача дека нема откажување и нема време за грешки. Многу диретно ни кажа, а јас Ви пренесувам изворно:

„Кога се работи за преговарачкиот тим, ви требаат квалитетни луѓе, професионалци, луѓе кои ќе знаат да разговараат со Брисел. Интеграција е потребна, прво 30 луѓе од врвот на Владата, а потоа мора да се вклучат паметни луѓе, без разлика дали или со каква „боја“ се обоени. И да не се менуваат луѓето кои знаат да преговараат, на кои се научиле во Брисел, мора да има континуитет. Вас ви треба агроелита, најдобрите во оваа област, ако сакате да бидете успешни во овој процес. – рече Ерјавец.

Разочарувања имало и ќе има, но она што охрабрува е иницијативата на сите нас да се избориме на тој пат кон ЕУ и тоа заедно со земјоделците. За нив е неопходна поголема едукација, информираност, средби на терен, земјоделски здруженија со поголема активност со кои ќе ги им помогнеме да ги прифатат новите европски трендови. Инвестирање во младите земјоделци, во поголем рурален развој и поголема активност и на локалната власт.

Трите часа поминаа во една конструктивна атмосфера, со одлични излагања, издржани прашања и сугестии, со насоки и препораки од НКЕУ – МК

И повторно- во оваа држава има капацитетни луѓе или паметни, што би рекол Ерјавец и тие мора да бидат препознаени од Власта и да се побара нивната помош.

Ленче Николовска

Поголеми инвестиции во земјоделството и во човечкиот потенцијал на патот кон ЕУ

Може да ви се допадне

Со германска поддршка во Долно Лисиче ќе се тестираат практики за земјоделство отпорно на климатски промени
Над 40 милиони евра се префрлени на 9.565 земјоделци во рамките на еко-шемата за зачувување на потенцијалот на почвата
Од 1 јули дополнително намалување и целосно усогласување на царинските стапки со ЕУ за 70 суровини и репроматеријали што се користат во домашната индустрија
Албанија напредува во преговорите со ЕУ – Рама и Кос: Европската интеграција влегува во одлучувачка фаза
ЕУ го казни „Тему“ со 200 милиони евра заради нудење и пласирање нелегални производи
Таг:еуземјоделствонационална конвенцијасесија
Претходен напис Поголеми инвестиции во земјоделството и во човечкиот потенцијал на патот кон ЕУ
Следен напис Трипуновски: Оваа година ќе учествуваат 80 наши винарии и дестилерии, 6 изложувачи на храна и ресторан со 3 готвачи
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?