Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Поголеми инвестиции во земјоделството и во човечкиот потенцијал на патот кон ЕУ
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > ЕУ > Поголеми инвестиции во земјоделството и во човечкиот потенцијал на патот кон ЕУ
ЕУ

Поголеми инвестиции во земјоделството и во човечкиот потенцијал на патот кон ЕУ

Објавено 22/11/2024
Сподели
2 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Потребен е посветен процес за имплементација на квалитетна земјоделска политика која ќе се базира на капацитетите на луѓето врз основа на нивната стручност, коишто мора да се добро едуцирани и обучени на патот кон ЕУ. Потребна е поголема интерсекторска соработка и дијалог кој ќе ги вклучи сите чинители, како и инвестиции и конзистентност во циклусот на политики.

Ова се дел од препораките од денешната 12-та сесија на Работна група 1 – Земјоделство и рурален развој (Поглавје 11) на Националната конвенција за Европската Унија во Република Северна Македонија (НКЕУ-МК) на тема: “Меѓу предизвици и можности: Земјоделската политика на Северна Македонија на патот кон пристапувањето во ЕУ” која се одржа во Скопје.

Експертите на денешната сесија заеднички констатираа дека се потребни поголеми инвестиции во земјоделството, како и поголема организираност на земјоделците, но и инвестиција во човечки капитал, меѓу кои и мерки насочени и за младите земјоделци, за менаџерите и за институциите.

Беше истакната потребата од подобрување на усогласувањето со политиките на ЕУ, поголема интерсекторска соработка, имплементација на Зелената агенда, распределување на соодветни ресурси за програмите и мерките за животна средина и да се продолжат инвестициите во структурните реформи.

Беше нагласена потребата и од унапредување на регионална соработка меѓу земјите на Западен Балкан, но и потребата од значителни инвестиции за да се воспостави рамномерен регионален развој, како и дека е потребно мобилизирање на знаењето на локалните заедници особено во иновативните проекти.

Загрижува фактот за иселувањето на младите од руралните средини, па затоа, како што истакнаа говорниците на денешната сесија, потребно е да се преземат мерки за нивно задржување.

Експертите истакнаа дека македонското законодавство што се однесува на земјоделската политика не заостанува зад другите во регионот, иако е потребно да се вложи дополнителен напор за да се имплементираат неопходните реформи на патот кон ЕУ.

Може да ви се допадне

Над 40 милиони евра се префрлени на 9.565 земјоделци во рамките на еко-шемата за зачувување на потенцијалот на почвата
ЕУ со нов план за обезбедување на ѓубрива и прехранбена сигурност
Зајакнување на отпорноста на земјоделството во ЕУ според студија на Европска Комисија
ЕУ ги суспендира царините за клучните ѓубрива што се користат во земјоделското производство
Новиот европски план за ѓубрива: Поголема поддршка за земјоделците и развој на биолошки ѓубрива
Таг:македонијанационална конвенција за Европска Унијапатотработна група 1
Претходен напис Поттикнување на младите во земјоделстовото, предизвик на македонската земјоделска политика
Следен напис Николовска: Што може да се научи од настан организиран од врвни професионалци во својата област
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?