Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Полјоделците ќе се навикнат на роботите како млекарите на машините за молзење!
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Механизација > Полјоделците ќе се навикнат на роботите како млекарите на машините за молзење!
Механизација

Полјоделците ќе се навикнат на роботите како млекарите на машините за молзење!

Објавено 11/11/2024
Сподели
6 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Земјоделците ширум светот се соочуваат со предизвици при користењето на пестицидите, па затоа идејата со која роботот би послужил како алтернатива, ги заинтригира учесниците на вебинарот посветен на таа тема.

„Механичкото уништување на корените нуди решенија на повеќе начини. Хербицидите денес или не делуваат добро или поради социјалниот притисок, некои од нив како што беше со глифосфатот, се забрануваат. Затоа мислам дека е вистинско време да започнеме да употребуваме алтернативи кои ни се нудат, а најдобро до сега се претставени роботите“, изјавил Клаус Ердл во воведниот говор на вебинарот Feldtage Digital robot, организиран од страна на Германското земјоделско друштво (DLG).

Будејќи земјоделците ширум светот се соочуваат со предизвици при кроистењето на пестицидите, идејата со која роботот би послужил како алтернатива, ги заинтересира учесниците во овој онлајн семинар.

Данските роботи се веќе тестирани во неколку европски фарми

Дизајнирани за полиња со површина и до 20 хектари, со можност за жетва, но и за уништување на коровите, роботите на данската компанија FarmDroid веќе се тестирани во неколку фарми низ Европа, а оваа пролет беа уништени коровите на околу 1.000 хектари земја. Користејќи високо прецизни гео – координати, роботите се напојуваат со слоарна енергија, а имаат и резервна батерија.

– „Бидејќи се плашеше од пандемијата и стравуваше дека можеби нема да може да оди на поле, еден купувач нарача уште еден робот за да може работата да ја заврши што побрзо. Вели дека е многу задоволен со новиот уништувач“, раскажува извршниот директор на FarmDroid-a, Рене Јаник Јоргенсен.

Оваа автономна машина е тешка околу 700 килограми, а широка околу 3 метри. Работи, многу темелно и прецизно, а работата ја извршува по пат на врска со RTK станица, потенцираат од компанијата.

Сеуште постојат правни и технички прпреки

Арно Руцкелхаусен, професор на Техничкито факултет во Германија, во своите долгогодишни истражувања забележал дека сеуште постојат правни и технички препреки кои е потребно да се надминат за да може теренскиот робот во целост да ги замени хербицидите.

Со своето 30-годишно искуство во механизацијата, германската компанија K.U.L.T покажала дека е можно самостојно движење на роботот но моментално поради законските ограничувања земјоделецот и понатаму мора да го надгледува.

– „Фармерите мораат да бидат покрај роботот и да надгледуваат што тој работи за да можат на време да реагираат ако дојде до некоја грешка и да го сопрат“, објаснил на вебинарот претседателот на Управата, Кристиан Кирчоф.

Со тоа се согласил и стручњакот за земјоделство од Баварскиот истражувачки центар, Др. Бит Винзент.

-„Сето ова помалку наликува на она сценарио кога млекарите за прв пат користеле автоматски молзници. Им требаше време да се прилагодат на фактот дека не мораат се да работат рачно, туку да научат да ракуваат и со машините. Каков ќе биде успехот на овој изум, зависи од гаранацијата на роботот, како и за тоа дали фармерот ќе сака да го купи“, појаснува Винзент.

Враќање на инвестицијата во рок од две години

Учесниците на вебинарот поставија голем број прашања, а највпечатливи беа оние поврзани за финансиските вложувања како на пример, колку мораат да вложат, за колку време се враќа вложеното, како и колкави се трошоците на одржување.

-„ На површина од 7 хектари па и повеќе, се остваруваат извонредни деловни резултати, а секако се зависи од посевите. Враќање на вложените сретства во типични ситуации каде земјоделецот одгледува шеќерна репка или трска е помалку од две години. Имавме и креативни фармери кои роботите ги користеа за разни посеви и лековити билки и тоа исто така се покажа како успешно. Роботот FarmDroid може лесно да се транспортира на друго поле со помош на трактор за да се оствари уште подобар деловен успех“, порача Јоргенсен.

Цените на роботот, како што наведуваат од компанијата K.U.L.T., се движат од 25.000 евра за оние помалите па се до 125.000 евра, додека FarmDroid своите ги продава за околу 65.000 евра.

Во иднина машините ќе работат во тимови?

– „Роботите со текот на времето ќе научат како точно да го разликуваат коровот од посевот. Тоа се постигнува со анализа на илјадници фотографии на снимени полски роботи. Исто така, ќе може да се споредат претходните искуства што ќе резултираат со паметни машини“, коментираше професор Руцкелхаусен.

Останатите идни трендови вклучуваат проверка на квалитетот на земјиштето и на растенијата.

– „Ќе можат да мерат влажност на земјиштето, ќе треба да се проверува дали на растението му треба вода, а ќе може да испратат сигнал и на останатите роботи кои ќе реагираат и ќе ја осигураат потребната влага. Ваквиот начин на работа се нарекува роење, а полето би било опремено со неколку автономни машини кои би работеле како тим“, додава Руцкелхаусен.

Извор: Агроклуб

Може да ви се допадне

(ВИДЕО) Агро Геа понуда: Сено – собирач/растурач
Во Кина роботите ги заменија и сообраќајните полицајци
(ВИДЕО) АГРО ГЕА: Мини утоварач, одличен за работа на фарма! Можност за плаќање на рати!
Агро Геа: Резервни делови за БАЛИРАЧКИ од брендовите SIPMA, JOHN DEERE, CLASS, WELGER, LIFAM, NH, AMA Scrobatti, MF, IHC и други
Марков: Нема да се одземаат тракторите и приклучната механизација кои се нерегистрирани и без сопственост
Таг:механизацијароботи
Претходен напис Конзервација и заштита на тракторите за зима
Следен напис Важноста на есенското орање
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?