Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Средба на директорот на АПРЗ со претставници на здружение на пчеларите по повод објавувањето на мерката „Диверзификација на фарми и развој на бизниси“ од ИПАРД Програмата 2021-2027
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровести > Средба на директорот на АПРЗ со претставници на здружение на пчеларите по повод објавувањето на мерката „Диверзификација на фарми и развој на бизниси“ од ИПАРД Програмата 2021-2027
Агровести

Средба на директорот на АПРЗ со претставници на здружение на пчеларите по повод објавувањето на мерката „Диверзификација на фарми и развој на бизниси“ од ИПАРД Програмата 2021-2027

Објавено 07/11/2024
Сподели
3 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Директорот на АПРЗ,  м-р Пеце Стојковски, денес, 06.11.2024 година, оствари средба со претседателот на Сојуз на пчеларски здруженија на Македонија, Менде Трајковски и претседателот на ПЗ Мариовско-Пелагониски пчелари Александар Спасеновски, по повод објавата на повикот бр. 02/2024 за Мерка 7 ‘‘Диверзификација на фарми и развој на бизниси‘‘ од ИПАРД 3 програмата.

На средбата од страна на Директорот беше укажано за можностите со  кои пчеларите можат да ги користат финансиските средства за набавка на опрема: пчелни сандуци, приколки за транспорт, центрифуги и др.

Исто така тој појасни дека со воведувањето на оваа мерка, е предвидена финансиска поддршка до 70% од вкупните прифатливи трошоци за инвестиции и  дека преку оваа мерка пчеларите добиваат директна поддршка со која ќе го унапредат своето работење.

Целта на средбата беше да се мотивираат пчеларите да поднесат барање по мерката 7  за што советниците од АПРЗ ќе им обезбедат информации и услуги при поднесување  на барањата.

Диверзификација на фарми и развој на бизниси:

Финансиската поддршка за овој Јавен повик е составена од 75% средства обезбедени од Инструментот за претпристапна помош за рурален развој на Европската Унија (ИПАРД) согласно ИПАРД Програмата 2021-2027 и 25% средства обезбедени од Буџетот на Република Северна Македонија.

Финансиски средства по поединечно барање се доделуваат како неповратна финансиска поддршка (грант) во износ од:

60% од вредноста на вкупно прифатливите трошоци на инвестициите за мерка Диверзификација на фарми и развој на бизниси

Процентот се зголемува до 70% за инвестиции предложени од млади земјоделци и/или сертифицирани органски производители и за колективни инвестиции.

Процентот на кофинансирање може да се зголеми за дополнителни 10% за инвестиции поврзани со управување со отпад, обновлива енергија и инвестиции од типот на циркуларна економија

Највисокото кумулативно/комбинирано ниво на поддршка не смее да надминува 75%.

Крајниот рок за поднесување на барањата е 20 декември 2024година

Вкупната финансиска поддршка во рамките на овој јавен повик за мерка 7 “Диверзификација на фарми и развој на бизниси“ 14.000.000,00 евра односно 862.890.000 денари. Курсот на еврото за овој јавен повик изнесува 61.635 ден.

Извор: sovremenozemjodelstvo

Може да ви се допадне

Жетвата на житото почна, а уште нема цена за него
АХВ утврди неправилности и кај месните производи
Лозовите насади на тероар вината на „Тиквеш“ меѓу најдобрите во Европа
Раст на БДП од 3,1 отсто во првиот квартал
СКСЗМ одбележа 20 години јубилеј, две децении посветеност на економскиот развој и поддршка на приватниот сектор
Таг:ipardапрздиверзификацијапчеларитесредбафарми
Претходен напис По дрвото и нов вид змија именувана по Леонардо ди Каприо
Следен напис МЖСПП: Регионален систем за управување со отпад е единственото трајно решение, апелираме за поддршка и разбирање
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?