Холивудски актер Леонардо ди Каприо е признат по долгата историја на еколошки активизам – а сега има и нов вид на змија именувана во негова чест.
Истражувачите за првпат открија рептил во западните Хималаи во текот на летото 2020 година, пишува „Мајами Хералд“, повикувајќи се на „тековната студија“ објавена на веб-страницата nature.com во втората половина на октомври.
Откако фатиле неколку змии со сребрена боја и десетици заби, научниците ја анализирале нивната ДНК. Тие откриле дека иако змијата има познати карактеристики на другите змии, таа е сосема нов вид – Anguiculus dicaprioi, или хималајската змија на Ди Каприо.
Се смета дека ова се многу мали змии, достигнуваат должина до само 56 сантиметри. Имаат „кратки“ глави, „големи“ ноздри, многу заби и „стрмно заоблена муцка“.
Новиот вид може да се препознае по „бледата“ сива лента, која речиси наликува на „јака“ околу вратот на рептилот.
Змијата го доби името по холивудскиот актер, бидејќи „американскиот актер, филмски продуцент и активист за заштита на животната средина е некој кој е активно вклучен во подигање на свеста за глобалните климатски промени и загубата на биолошката разновидност“, велат истражувачите.
Видот бил пронајден како се „сонча“ на планинските патишта и „не се обидувал да касне“.
Тимот, во кој беа Зеешан Мирза, Вирендер Бхардвај, Саунак Пал, Х. Т. Лалеремсанга, Гернот Фогел, Патрик Кембел и Харшил Пател, изјавија дека хималајските змии на Дикаприо можат да преживеат на надморска височина од околу 1.850 метри.
Според објавените наоди, новиот вид е откриен во Непал и во соседните индиски држави.
Патем, ова не е првиот вид што го носи неговото име. Лео веќе има дрво. Имено, тропско дрво во шумата Ебо во Камерун го доби името по актерот Леонардо ди Каприо, кој водеше кампања за зачувување на оваа тропска шума. Тоа беше во јануари 2020 година.
Фото: Змија, Pixabay