Од денеска, на web страната на МЗШВ, поставен е банер за полесен пристап на земјоделците до новатa апликација на страната на Земјоделскиот пазарен информативен систем (ЗПИС).
Оваа апликација е под наслов „Понуда-Побарувачка“ и преку неа на земјоделците им се овозможува во овие услови на вонредна состојба кога голем дел од пазарите (кванташки, зелени пазари, добиточни пазари) не се во функција, сепак да можат да тргуваат со своите производи. Апликацијата овозможува:
- Да се понудат односно побаруваат количини и цени на земјоделски производи или добиток директно од страна на производителите на земјоделски производи од домашно потекло,
- Да се понудат односно побаруваат количини и цени на земјоделски производи или добиток од страна на заинтересираните потрошувачи, купувачи, откупувачи и трговци на производи од домашно потекло,
- Зинтересираните страни (понудувачи и побарувачи) да најдат заеднички интерес да договорат и направат трговска трансакција.
Целта на оваа корисна алатка е да се овозможи брз и лесен пристап до податоците за расположливите количини и цени на земјоделски производи и добиток во реален временски период како и континуиранo следење и обезбедување на транспарентен преглед на земјоделски производи од домашно потекло и движење на цените на земјоделските пазари.
Веб апликацијата ,,понуда –побарувачка“ на земјоделски производи технички и административно ја одржува Одделението за ЗПИС во Секторот за анализа на земјоделска политика во МЗШВ.
Понудата или побарувачката за определените земјоделски производи се внесуваат од страна на пазарните репортери од Подрачните Единици на МЗШВ, АПРЗ или од фирмите вклучени во системот на ЗПИС.
