Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Велковски: Во овој момент најважно е на фармерите навреме да им бидат исплатени парите за млекото, трговците да ги подмират обврските кон млекарите
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровести > Велковски: Во овој момент најважно е на фармерите навреме да им бидат исплатени парите за млекото, трговците да ги подмират обврските кон млекарите
Агровести

Велковски: Во овој момент најважно е на фармерите навреме да им бидат исплатени парите за млекото, трговците да ги подмират обврските кон млекарите

Објавено 19/03/2020
Сподели
2 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Актуелните случувања во државата со воведувањето на вонредната состојба поради пандемијата предизвикана од корона вирусот, ги засега сите граѓани, а директно влијае на стопанството и земјоделското производство.

Разговараме со сопственикот на компанијата „Хемометал“ – Битола, Мирко Велковски за моменталната состојба и мерките кои треба да ги превземе Владата за поддршка на агросекторот.

-Земјоделците се подготуваат за пролетните активности, доаѓаат во нашата компанија но многу се внимателни, ги почитуваат препораките на Владата . Единствено се плашат дали ќе има доволно ѓубрива и сите други неопходни репроматеријали. Во овој момент многу е важно на фармерите навреме да им бидат исплатени  парите за млекото, што значи трговците треба што поскоро да си ги завршат обврските кон млекарите – вели Велковски.

Велковски добро ги познава состојбите во агросекторот, како сопственик и на млекарницата „Вемакс“ и претседател на Регионалната стопанска комора во Битола, посочува дека постои можност да се злоупотреби намалената активност на судовите, но УЈП треба да ги превземи сите мерки и да ја подобри финансиската дисциплина во овој сектор.

-Исто така, сега е време кога Владата, како во многу други земји во Европа, да донеси закон со  кој рокот на плаќање на фактурите за леб и млеко ќе биде најмногу до 15 дена, а не како до сега , 60 или 90 дена или пак уште полошо фактурите да се наплаќаат по судски пат – изјави за Агротим, сопственикот на Хемометал, Мирко Велковски.

Битолската компанијата Хемометал веќе 30 години е вистински партнер на земјоделците и агробизнисмените. Основана во 1990 година со единствена цел и визија да се учеставува во развојот на македонскиот агрокомплекс преку модернизација на производството.

„Хемометал“ со понуда која може да се набави преку ИПАРД: Плугови, тифони, приколици…

Може да ви се допадне

ДИЗ: Директорот Ангеловски во посета на Тутунскиот комбинат Прилеп
ЦУК: Три пожари на отворено до 13 часот, еден сѐ уште активен
Ресенец нападнат од мечка додека собирал печурки во Курбиново
АХВ издаде забрана за употреба на водата за пиење во Гостивар
АПРЗ во Битола презентираше резултати од анализа на органиска материја и јаглерод во почвите
Таг:миркомлекаритемлекофармерихемометал
Претходен напис Нема докази дека добитокот и домашните миленици можат да го пренесат корона вирусот на луѓе
Следен напис Бектеши: Ќе се намалат давачките за репроматеријали од увоз
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?