Agrotim

  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој

Велковски: Во овој момент најважно е на фармерите навреме да им бидат исплатени парите за млекото, трговците да ги подмират обврските кон млекарите


Актуелните случувања во државата со воведувањето на вонредната состојба поради пандемијата предизвикана од корона вирусот, ги засега сите граѓани, а директно влијае на стопанството и земјоделското производство.

Разговараме со сопственикот на компанијата „Хемометал“ – Битола, Мирко Велковски за моменталната состојба и мерките кои треба да ги превземе Владата за поддршка на агросекторот.

-Земјоделците се подготуваат за пролетните активности, доаѓаат во нашата компанија но многу се внимателни, ги почитуваат препораките на Владата . Единствено се плашат дали ќе има доволно ѓубрива и сите други неопходни репроматеријали. Во овој момент многу е важно на фармерите навреме да им бидат исплатени  парите за млекото, што значи трговците треба што поскоро да си ги завршат обврските кон млекарите – вели Велковски.

Велковски добро ги познава состојбите во агросекторот, како сопственик и на млекарницата „Вемакс“ и претседател на Регионалната стопанска комора во Битола, посочува дека постои можност да се злоупотреби намалената активност на судовите, но УЈП треба да ги превземи сите мерки и да ја подобри финансиската дисциплина во овој сектор.

-Исто така, сега е време кога Владата, како во многу други земји во Европа, да донеси закон со  кој рокот на плаќање на фактурите за леб и млеко ќе биде најмногу до 15 дена, а не како до сега , 60 или 90 дена или пак уште полошо фактурите да се наплаќаат по судски пат – изјави за Агротим, сопственикот на Хемометал, Мирко Велковски.

Битолската компанијата Хемометал веќе 30 години е вистински партнер на земјоделците и агробизнисмените. Основана во 1990 година со единствена цел и визија да се учеставува во развојот на македонскиот агрокомплекс преку модернизација на производството.

„Хемометал“ со понуда која може да се набави преку ИПАРД: Плугови, тифони, приколици…

Мар 19, 2020agrotim2
Нема докази дека добитокот и домашните миленици можат да го пренесат корона вирусот на луѓеБектеши: Ќе се намалат давачките за репроматеријали од увоз

Напишете коментар Откажи одговор

19/03/2020 Агровестимирко, млекарите, млеко, фармери, хемометал2,661

Соработка

Агротим е секогаш отворен за соработка со фирми или поединици. Повеќе информации за Агротим:

Phone: + (389) 71 225-345

Email: [email protected]

Изработка на апликации за ИПАРД и ФИТР

За информации и изработка на апликации за јавните повици на ИПАРД и Фонд за иновации и технолошки развој:

Phone: 071 285 385

Email: [email protected]

Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


Накратко за нас

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

Страници
  • За нас
  • Импресум
  • Маркетинг
  • Услови за користење
  • Контакт

Сите права се задржани © АГРОТИМ МК - 2019