Agrotim

  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој

Бектеши: Ќе се намалат давачките за репроматеријали од увоз


Сите производствени капацитети од прехранбената индустрија во земјава се подготвени за наредните неколку месеци и имаат соодветни резерви, но бараат државата да им излезе во пресрет и да овозможи ослободување од даноци за репроматеријалите што не се произведуваат во нашата држава.

Ова, како што истакна министерот за економија Крешник Бектеши, се главните заклучоци од денешната средба во Министерството за економија на која присуствуваа и министерката за финансии Нина Ангеловска, директорот на Царинската управа Ѓоко Танасоски, директорот на Државниот пазарен инспекторат Стојко Пауновски и многу стопанственици, особено од прехранбената индустрија.

„Во текот на денот, а најдоцна утре ќе донесеме соодветни одлуки за намалување на давачките за неколку репроматеријали. Тоа ќе го предложиме на влада заедно со министерката Ангеловска, со цел да имаме непречено производство на храна, но и на индиректен начин да ги намалиме цените или да не дозволиме да се зголемат цените на производите, посебно на основните прехранбени продукти“,рече Бектеши.

Тој им порача на граѓаните дека нема простор за паника бидејќи има доволно храна и резерви.

Мар 19, 2020agrotim2
Велковски: Во овој момент најважно е на фармерите навреме да им бидат исплатени парите за млекото, трговците да ги подмират обврските кон млекаритеПетрушев: Целата прехранбена индустрија е максимално мобилизирана

Напишете коментар Откажи одговор

19/03/2020 АгровестиМинистерот Бектеши, Намалување на давачките, Увоз на репроматеријали137

Соработка

Агротим е секогаш отворен за соработка со фирми или поединици. Повеќе информации за Агротим:

Phone: + (389) 71 225-345

Email: [email protected]

Изработка на апликации за ИПАРД и ФИТР

За информации и изработка на апликации за јавните повици на ИПАРД и Фонд за иновации и технолошки развој:

Phone: 071 285 385

Email: [email protected]

Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


Накратко за нас

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

Страници
  • За нас
  • Импресум
  • Маркетинг
  • Услови за користење
  • Контакт

Сите права се задржани © АГРОТИМ МК - 2019