Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: (ФОТО) Убавина и бизнис: Семејството Мановски над 20 години одгледува рози во секакви бои
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровести > (ФОТО) Убавина и бизнис: Семејството Мановски над 20 години одгледува рози во секакви бои
АгровестиДОГОВОРНО ПРОИЗВОДСТВО

(ФОТО) Убавина и бизнис: Семејството Мановски над 20 години одгледува рози во секакви бои

Објавено 15/08/2024
Сподели
3 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Во село Теарце, во областа Долен Полог, се наоѓа домот на едно уникатно семејство кое е познато по својата страст по розите. Семејството Мановски веќе над 20 години одледува рози во секакви бои, претворајќи го ова занимање во успешен фамилијарен бизнис. Тие не само што одгледуваат рози, туку пренесуваат и дел од својата љубов и посветеност на своите клиенти.

Во почетоците, на ова прекрасно место се одгледувале кринови во најразлични бои. Освен кринови, се одгледувале и гладиоли и кали, но со тек на време, овие вредни одгледувачи на цвеќе, одлучиле да ги задржат само розите. Грижата за криновите, гладиолите и калите барале поспецифични услови, повеќе работа и поголема посветеност. Да се одгледува еден вид на цвеќе, се чинело поедноставно и полесно за мал број на луѓе кои требало да произведат квалитетни рози. Ова семејство, најнапред започнало да сади помали парцели со цвеќе околу нивната куќа, а со времето и трудот вложен во оваа работа, развиле непроценливо знаење и искуство.

Но, и покрај тоа, одгледувањето рози се разбира дека не е толку лесно и едноставно. Напротив, бара многу љубов, целосна посветеност,  време и напорна работа. Љубовта е појдовната точка и главната мотивација која им дава доволно сила да започнат со денот и да ги исполнат поставените цели.

Кога ќе се запознаете со семејството Мановски, веднаш ќе почувствувате колку оваа работа ги поврзува сите заедно. Основачот на овој бизнис, Гроздан Мановски, е одговорен за одржување на розовите градини и развој на нови техники за полевање и ѓубрење, како и обработка на земјата каде што се посадени.

Неговата сопруга, Ќира, е креативната сила зад изборот на различни сорти на рози и реализација на секојдневните работни задачи, додека пак, ќерките и зетовите редовно и континуирано помагаат и активно учествуваат во извршување на секојдневните активности, особено во лето.

Во современата ера, семејството Мановски успешно комбинира традиционални методи со современи техннологии. Применуваат систем за наводнување капка по капка и користат органски ѓубрива, за да осигураат не само квалитет на розите, туку и одржливост на своето производство. Од година во година, тие инвестираат во нови сорти рози, со цел да го подобрат квалитетот и продуктивноста.

Розите од семејството Мановски се познати по својата убавина и квалитет и се наоѓаат во многу цветни продавници на локалниот пазар. Во иднина, семејството планира да се посвети кон набавка на опрема и механизација за заштита од болести и штетници. Исто така, она што веќе и им недостасува е покривање на цветните расади со цел заштита од високи температури. Поради промената на климатските услови од година во година, неопходно е покривање на цветните оранжерии.

Може да ви се допадне

Жетвата на житото почна, а уште нема цена за него
АХВ утврди неправилности и кај месните производи
Лозовите насади на тероар вината на „Тиквеш“ меѓу најдобрите во Европа
Раст на БДП од 3,1 отсто во првиот квартал
СКСЗМ одбележа 20 години јубилеј, две децении посветеност на економскиот развој и поддршка на приватниот сектор
Таг:бизнисекономијаКлаудијаМановскирозиТеарцецвеќе
Претходен напис Продолжува гаснењето од воздух и од земја на пожарот во НП „Преспа” во општина Пустец
Следен напис МЗШВ во септември ќе распише нови јавни повици за ЗАКУП на земјоделско земјиште во државна сопственост
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?