Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Осум пожари во изминатото деноноќие, активен пожарот кај кичевското село Цер
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровести > Осум пожари во изминатото деноноќие, активен пожарот кај кичевското село Цер
Агровести

Осум пожари во изминатото деноноќие, активен пожарот кај кичевското село Цер

Објавено 22/06/2024
Сподели
2 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Осум пожари на отворено и неколку помали интервенции се регистрирани во последното деноноќие. Активен е се уште пожарот во реонот кај кичевското село Цер, кој повеже денови е со различен интензитет.

Од Центарот за управување со кризи информираат дека за денеска е планирано јавното претпријатие „Национални шуми“ подружница „Лопушник“ и месното население да интервенираат заедно со воздушна поддршка од страна на МВР. 

– Во текот на вчерашниот ден,  Јавно претпријатие „Национални шуми“ подружница „Лопушник“ не учествувале во гасење на шумскиот пожар, освен што интервенирале 20-тина граѓани од месното население, а е интервенирано од воздух со хеликоптер на МВР, што во седум до осум наврати истурил вода на опожарениот простор, при што бил неутрализиран еден крак од пожарот. И покрај ваквите интервенции пожарот не е целосно изгаснат и е се уште активен и постои опасност пожарот да навлезе во букова шума, а во тој случај многу тешко би можел да се контролира, се наведува во соопштението од ЦУК. 

Првичната информација за пожарот е добиена на 17 јуни на Единствениот повикувачки број за итни случаи 112 дека гори нискостеблеста деградирана шума, сува трева и смрека. За настаната состојба веднаш биле известени Општина Кичево, Териоријалната противпожарна единица Кичево, јавното претпријатие „Национални шуми“ подружница „Лопушник“,Дирекцијата за заштита и спасување и Министерството за внатрешни работи.

МИА

Може да ви се допадне

Жетвата на житото почна, а уште нема цена за него
АХВ утврди неправилности и кај месните производи
Лозовите насади на тероар вината на „Тиквеш“ меѓу најдобрите во Европа
Раст на БДП од 3,1 отсто во првиот квартал
СКСЗМ одбележа 20 години јубилеј, две децении посветеност на економскиот развој и поддршка на приватниот сектор
Таг:активен пожаротденоноќиеосум пожариЦер
Претходен напис ЕУ откри измама со ИПАРД фондовите во Албанија, ќе блокира 112 милиони евра од ИПАРД 3
Следен напис Од утре попладне пороен дожд и грмежи
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?