Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: ЕУ откри измама со ИПАРД фондовите во Албанија, ќе блокира 112 милиони евра од ИПАРД 3
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровести > ЕУ откри измама со ИПАРД фондовите во Албанија, ќе блокира 112 милиони евра од ИПАРД 3
Агровести

ЕУ откри измама со ИПАРД фондовите во Албанија, ќе блокира 112 милиони евра од ИПАРД 3

Објавено 22/06/2024
Сподели
2 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Средства во износ од 33 милиони евра обезбедени од Европската унија како помош за албанското земјоделство биле злоупотребени. 

– Бројката ја откри Канцеларијата за борба против измами на Европската унија, ОЛАФ, која исто така препорача блокирање на следниот пакет од 112 милиони евра додека не се преземат мерки за гарантирање на заштитата на финансиските интереси на ЕУ, објави Ора њуз.

Според истиот извор, во годишниот извештај, ОЛАФ ги открива и трите главни прекршувања направени со ИПАРД фондовите, што доведе до тоа Европската унија во јули да ја прекине оваа поддршка.

– Од апликантите се барало да платат значителен дел од нивниот грант на локална консултантска компанија, се доделувале  договори без конкуренција или преку наместен конкурс (со поднесување лажни понуди), како и надуени цени и прекршување на договорните правила,  се вели во извештајот на ОЛАФ.

Според соопштението на ОЛАФ, по серија истражни чекори, вклучително и дигитални форензички претреси на документи поврзани со корисниците на ИПАРД 2, АРДА и други економски оператори, ОЛАФ открил многу сериозни неправилности за време на фазата на доделување грантови и спроведувањето на многу проекти.

Канцеларијата за борба против измами на Европската унија исто така информира дека копија од наодите е испратена до албанските власти поради „можни криминални активности“ откриени во текот на истрагата.

Покрај блокирањето на фондот од 112 милиони евра за ИПАРД 3, ОЛАФ и препорача на Европската комисија да ги прогласи повиците еден и два од програмата ИПАРД 2 за неважечки. Вкупните средства од овие повици достигнуваат 33 милиони евра. 

МИА

Може да ви се допадне

Жетвата на житото почна, а уште нема цена за него
АХВ утврди неправилности и кај месните производи
Лозовите насади на тероар вината на „Тиквеш“ меѓу најдобрите во Европа
Раст на БДП од 3,1 отсто во првиот квартал
СКСЗМ одбележа 20 години јубилеј, две децении посветеност на економскиот развој и поддршка на приватниот сектор
Таг:112 милиони евраАлбанијаблокираЕУ откриизмамаИПАРД 3ИПАРД фондовите
Претходен напис Сончево и многу топло, до 40 степени
Следен напис Осум пожари во изминатото деноноќие, активен пожарот кај кичевското село Цер
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?