Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Николовски: Одлично напредува изградбата на системот за наводнување Колибари во Кичево, досега изработен е околу 12,5 километри цевковод од вкупно предвидените 14,5 километри цевковод
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровести > Николовски: Одлично напредува изградбата на системот за наводнување Колибари во Кичево, досега изработен е околу 12,5 километри цевковод од вкупно предвидените 14,5 километри цевковод
Агровести

Николовски: Одлично напредува изградбата на системот за наводнување Колибари во Кичево, досега изработен е околу 12,5 километри цевковод од вкупно предвидените 14,5 километри цевковод

Објавено 27/03/2024
Сподели
3 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Љупчо Николовски денеска во Кичево изврши увид во градежните активности од изградбата на системот за наводнување Колибари- Црвивци. Изградбата на системот за наводнување Колибари- Црвивци започна во месец мај минатата 2023 година. Преку овој систем се опфаќа наводнување до нови 160 хектари обработливо земјоделско земјиште, покрај Зајашка Река.

„Изградбата на овој систем се одвива добро, според планираната динамика. Од вкупно 14,5 километри цевковод, до сега изработени се околу 12,5 километри цевковод. Паралелно веќе се изработуваат и шахтите за хидрантите, а веќе набавена е и целокупната опрема која треба да се вгради во шахтите. Преку оваа инвестиција директно им помагаме на повеќе од 2.000 жители од селата Колибари и Црвивци, кој се занимаваат со земјоделство, обезбедувајќи  квалитетна вода за наводнување на земјоделското земјиште, а на тој начин го поттикнуваме земјоделското и одржливо сточарско производство“, изјави министерот Николовски.

Министерот Николовски истакна дека вложувањето во изградба на капитални инвестиции во водостопанството е една од значајните приоритети во нашата работа како министерство. Нашата посветеност, преку конкретни капитални проекти сме ја потврдиле во дело, сите овие години. Градејќи нови и реконструирајќи ги постојните системи за наводнување.

„Браната Конско целосно ја изградивме. Најголем водостопански проект изграден последниве 20 години во државата, но и најголемиот инфарструктурен проект изграден во гевгелискиот регион последниве 50 години. Сонот за изградбата на браната Конско, кој започнува уште од 1973 година, денес стана реалност“, изјави министерот Николовски.

Преку изградба на браната Конско се обезбедува потребната вода за наводнување на земјоделските површини, во текот на целата година. Преку ново вештачко езеро-акумулација и нов систем за наводнување, опфатени се околу 6.500 хектари земјоделски површини, со што наводнуваните земјоделски површини ги зголемуваме за пет пати. Инвестиција вредна повеќе од 40 милиони евра, средства на министерството за земјоделство.

Браната Конско е единствениот водостопански објект, каде веднаш по завршувањето на браната, само ден потоа, беа отпочнати и активностите за изградба на хидросистемот за наводнување Конско, истакна министерот Николовски.

„Хидросистемот Конско е еден од четирите системи, заедно со системите Пепелиште, Страиште, и Лисиче, кои како дел од Програмата за наводнување на државата ги реализаираме. Станува збор за досега најголемиот водостопански проект, кој се гради, и по површина и по вредност. Преку кој наводнуваме нови 13.500 хектари обработливо земјоделско земјиште, а вкупната вредност на проектот за изградба на сите четири системи изнесува 120 милиони евра“, изјави министерот Николовски.

Сите овие капитални инвестиции значат навремена достапност на вода за наводнување на земјоделските посеви. Значат зголемено домашно производство на храна и намалени трошоци за производство.

Може да ви се допадне

СКСЗМ одбележа 20 години јубилеј, две децении посветеност на економскиот развој и поддршка на приватниот сектор
Славески: Народната банка треба да добие механизми за ограничување на банкарските надоместоци
Бјорн Наумовски Вискиус за МИА: Овдешната бирократија е вистински шок за Швеѓаните, но и тие можат многу да научат од овде за топлината и прилагодливоста во тешкотиите
Во грчките градови Кожани и Агринио уапсени 13 лица за измами со европските земјоделски субвенции во висина од 2,5 милиони евра
Формиран совет за унапредување на високото образование и стратешки истражувања на Стопанската комора
Таг:изградбатаКичевоКолибариНиколовскицевковод
Претходен напис Со поддршка на ФИТР изработена софтверска платформа за паметно планирање на градежни објекти
Следен напис Променливо облачно со повремен дожд, грмежи и ветер
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?