Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Со поддршка на ФИТР изработена софтверска платформа за паметно планирање на градежни објекти
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровести > Со поддршка на ФИТР изработена софтверска платформа за паметно планирање на градежни објекти
Агровести

Со поддршка на ФИТР изработена софтверска платформа за паметно планирање на градежни објекти

Објавено 27/03/2024
Сподели
2 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Брзо и паметно планирање на капитални градежни објекти, е една од функционалностите на софтверската платформа Ана-Ли за дигитализација на клучните бизнис процеси и унапредување на работење на компаниите од  градежништвото, што беше презентирана денеска, а е поддржана од Фондот за иновации и технолошки развој (ФИТР).

-Апликацијата е наменета за институции, инвеститори, инжинеринг фирми, како и помош во комуникација меѓу проект менаџери, градежни инженери, проектанти, раководители на објекти, надзорни инженери со цел навремено идентификување на евентуалните недостатоци и доцнења  во изведбата како и следење и планирање на трошоци и финансискиот тек во процес на изградба,  рече на презентацијата Катерина Јакова Лазарова од стручниот тим на проектот. 

Таа посочи дека апликацијата е единствена од ваков тип на македонскиот пазар, а покрај за брзо и паметно планирање на капитални градежни објекти помага при откривање на ризиците во текот на градба, на вработените и на менџаментот за донесување правилни одлуки во вистинско време  и за имплементација на стандарди.

Со апликацијата се овозможува формирање на избор на буџет што е потребен за изведба на објектот, како и пресметка на времетраењето. 

-Ако самата изведба има доцнење повлекува плаќање пенали и затоа е важно точно и прецизно да се утврди датумот за завршување на проектот којшто ќе биде во согласност со договорот, укажа Весна Јорданова од стручниот тим.

Придобивки од пресметката на времето, како што рече, се и прецизни временски рамки за почнување и завршување на градежниот проект, планирање и алоцирање на ресурси (материјали,  машини и работници) и на финансиски средства, идентификување на можни ризик фактори во тек на изведба, како и добивање прецизни информации за напредокот.

МИА

Може да ви се допадне

Жетвата на житото почна, а уште нема цена за него
АХВ утврди неправилности и кај месните производи
Лозовите насади на тероар вината на „Тиквеш“ меѓу најдобрите во Европа
Раст на БДП од 3,1 отсто во првиот квартал
СКСЗМ одбележа 20 години јубилеј, две децении посветеност на економскиот развој и поддршка на приватниот сектор
Таг:градежни објектипланирањеплатформаподдршкасофтверскаФИТР
Претходен напис Зголемен водостојот на Охридското, намален на Дојранското Езеро
Следен напис Николовски: Одлично напредува изградбата на системот за наводнување Колибари во Кичево, досега изработен е околу 12,5 километри цевковод од вкупно предвидените 14,5 километри цевковод
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?