Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Бачовски: Исплатени дополнителните директни плаќања за предадени јаболка во регистрирани откупувачи или преработувачки капацитети за период 2022-2023 година
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровести > Бачовски: Исплатени дополнителните директни плаќања за предадени јаболка во регистрирани откупувачи или преработувачки капацитети за период 2022-2023 година
АгровестиСубвенции

Бачовски: Исплатени дополнителните директни плаќања за предадени јаболка во регистрирани откупувачи или преработувачки капацитети за период 2022-2023 година

Објавено 09/02/2024
Сподели
2 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој ја реализраше исплатата за дополнителните субвенции за предадено јаболко во откупен или преработувачки капацитет со што со финансиска поддршка се стекнаа 1955 земјоделски стопанства во вкупна вредност од 203.3 милиони денари.

Корисници на оваа финансиска поддршка се земјоделските стопанства кои се корисници на мерката за оддржување на постоечки јаболкови насади и кои оствареното производство на јаболка во период од 15 септември 2022 година – 15 мај 2023 година го имаат предадено кај регистрирани преработувачки капацитети или кај регистриран откупувач – запишани во Регистарот на откупувачи на земјоделски производи.

Висината на директните плаќања изнесува 3 денари по килограм.

,,По завршувањето на аплицирањето за дополнителната мерка од 3 денари / кг предадено јаболко, Агенцијата успешно ги заврши админситративните контроли на пристигнатите апликации и контролите на лице место кај откупните претпријатија по што денес се реализира и самата исплата. Дополнително, пред крајот на 2023 година сите јаболкопроизводители ги добија авансните исплати на директните плаќања за оддржување на овошно насади и добија финансиска поддршка од 12.000 денари / хектар – истакна директорот Бачовски.

Поддршката за јаболкопроизводителите продолжува и во 2024 година. Во програмата за финансиска поддршка на земјоделството е предвидена мерка со која ќе бидат опфатени сите јаболкопроизводители кои во периодот од 15 септември 2023 година – 15 јануари 2024 година го имаат предадено своето производство во регистрирани откупувачки или преработувачки капацитети.

Може да ви се допадне

Жетвата на житото почна, а уште нема цена за него
АХВ утврди неправилности и кај месните производи
Лозовите насади на тероар вината на „Тиквеш“ меѓу најдобрите во Европа
Раст на БДП од 3,1 отсто во првиот квартал
СКСЗМ одбележа 20 години јубилеј, две децении посветеност на економскиот развој и поддршка на приватниот сектор
Таг:Бачовскидиректни плаќањаИсплатенијаболкаоткупувачи
Претходен напис Национален ден на пицата: Забавено темпото на поскапување на пиците во ЕУ 
Следен напис МЗШВ: Исплатени субвенциите за предадени јаболка во регистрирани откупувачи или преработувачки капацитети
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?