Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Туристичкиот промет со раст од 25 проценти во споредба со минатата година
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Магазин > Туристичкиот промет со раст од 25 проценти во споредба со минатата година
Магазин

Туристичкиот промет со раст од 25 проценти во споредба со минатата година

Објавено 14/12/2023
Сподели
4 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Во првите три квартали од актуелната 2023 година, туристичкиот промет во земјава покажува раст од 25 проценти со тоа што придонесува со 471,59 милиони долари прилив во БДП-то на земјава за 2023 година, но, како што кажа директорот на Агенцијата за промоција и поддршка на туризмот (АТТП), Љупчо Јаневски денеска на прес-конференција, предлог буџетот на Владата за 2024 година е сепак несоодветен и многу помал од побараното за потребата на промоцијата на туризмот на нашата земја.

Јаневски ја потенцира потребата за приоретизација на овој сектор и големата потреба на формирање на министерство за туризам и спорт со оглед на растот на приливот со кој што овој сектор придонесува во буџетот на државата и неговиот потенцијал за многу поголем раст.

-Баравме вкупно 218 милиони денари, сме добиле 100 милиони за 2024 година, кога ќе ги извадиме субвенциите за комплетно работење на институцијата се 38 милиони, но за промоции и поддршка, кога сите тие ставки за трошоци ќе ги извадиме, остануваат 8,3 милиони денари, појасни Јаневски, кој информираше дека за 2023 година имале 20 милиони денари за работа, кои исто така биле малку, што со сегашното намалување на 8,3 милиони е многу помалку.

Поради ова намалување, тој рече дека покрај тоа што ќе учествуваат на многу значајни туристички саемски манифестации кои ќе се одржат во Мадрид и во Берлин, сепак, после 10 години, нема да можат да учествуваат на саемите во Истанбул и во Белград и покрај тоа што тие се најдобрите туристички пазари од каде што доаѓаат најголем број посетители во земјава.

-Се поставува прашањето на туристичката дипломатија „Каде се рамките на отворениот Балкан и каде сме ние како држава?“. Ние немаме инвестиции и немаме структура затоа што немаме министерство коешто ќе се грижи за една од најпрофитабилните, најбрзорастечките економски гранки, а веќе е област во светски рамки којашто влијае на повеќе од 20 економски гранки, подвлече Јаневски.

Според податоците на Светската туристичка организација, како што информираше, генерално во туристичкиот сектор во земјава, во земјава се вработени околу 35 илјади луѓе што според него изнесува 5 проценти од сите вработени.

-Ако 2011 година сме имале 0,4 проценти БДП од туризмот, 2018 година блиску 2 проценти, 2023 година ќе ја завршиме со четири проценти. Која економска гранка и која економија според вложени средства и според вратени средства бележи толкав раст, нагласи директорот на АТТП.

Токму поради овие причини, Јаневски рече дека Владата треба многу поголем приоритет да му даде на туризмот и да го постави на многу повисоко ниво, и со формирање на министертсвото ќе биде рамноправно со другите министертсва, според него, туризмот во наредните пет до десет години ќе биде еден од столбовите на македонската економија.

Во однос на бројот на туристите и дестинациите од каде што се покажува дека има најголем број туристи што доаѓаат во земјава, Јаневски рече дека најголем раст се забележува кај Турците и кај Србите, од каде што доаѓаат најголем број туристи, со тоа што 176059 туристи од Турција и 63291 туристи од Србија ја посетиле земјава во првите 10 месеци од оваа година.

Забележителен раст има и кај туристи од кои доаѓаат од Германија, Грција, Хрватска и Романија, додека најпосетени градови се Скопје, со раст на туристи од 5 проценти и Охрид со раст од 7 проценти о споредба со 2019 година.

МИА

Може да ви се допадне

Чорба од црвен грав
Пет хрватски плажи рангирани меѓу 50 најубави во Европа за 2026
Печен омлет со тиквички, пиперки и домати
Освежителна зеленчукова салата со тестенини
Денеска е Духовден – Света Троица, празникот што се смета за роденден на христијанската црква
Таг:25 процентиминатата годинарастТуристичкиот промет
Претходен напис Преку ФИТР поддржани 1.100 проекти од 138 милиони евра, следната година фокус на зелените инвестиции
Следен напис 10 години – Фонд за иновации и технолошки развој
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?