Бугарската Агенција за безбедност на храната соопшти денеска дека во јужна Бугарија, во градот Раковски, во областа Пловдив се појавил вирусот птичји грип (H5N8) , пренесува „Бгнес“.
Сите 5.830 патки на фармата ќе бидат усмртени, информирала Агенцијата и додала дека тоа е прв случај на овој вирус во Бугарија во последните 10 години.
Околу фармата е поставено заштитно подрачје од три километри, а во него е забрането движење на домашните, дивите и други птици, како и продажба на јајца и живина.

Great content! Super high-quality! Keep it up! 🙂