Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Николовски и Бачовски во мисија да покажат каде завршуваат парите од ИПАРД!
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Фондови > Николовски и Бачовски во мисија да покажат каде завршуваат парите од ИПАРД!
Фондови

Николовски и Бачовски во мисија да покажат каде завршуваат парите од ИПАРД!

Објавено 26/08/2023
Сподели
3 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Недовербата во институциите, шпекулациите од страна на политичките опоненти, скептицизмот на земјоделците и муабетите пред продавници, најдобро се демантираат со факти.

А фактите зборуваат дека сме лидери во регионот по искористеност на ИПАРД 2 и први како држава ќе започнеме со имплементација на ИПАРД 3 програмата.

Со вакво „лице“ министерот за земјоделство Љупчо Николовски и првиот човек на Платежната агенција Никица Бачовски цела година се на терен, во посета на земјоделците и компаниите кои имаат искористено средства од ИПАРД 2 програмата.

Нови машини, нови технологии, фарми, мини хотели, рибници, винарии…македонскиот агрокомплекс се повеќе добива европски лик.

Таблите со логото на ИПАРД и европското знаме гордо ја докажуваа заложбата на државата во поддршка на земјоделското производство и руралниот развој.

Искористеноста на ИПАРД 2 е одличен старт за новата ИПАРД 3 програма која е најавена за почеток на септември.

Земја лидер сме во реализација на ИПАРД програмата. Со новата ИПАРД 3 програма 210 милиони евра имаме на располагање за модернизација на македонското земјоделство. Во тек е последниот јавен повик од ИПАРД 2 програмата, и први во регионот започнуваме со ИПАРД 3. Гордост е што една мала земја како нашата успеа да се избори за лидерското место во конкуренција со дупло поголеми држави, и држави кои се членки на ЕУ. Со ИПАРД 3 ќе се акредитираат 4 нови мерки, зголемен е прагот на минимални инвестиции, воведен е нов начин во обезбедувањето на потребната документација, со ИПАРД 3 овозможуваме авансна исплата до 50% од договорот. Првите повици за Мерка 1 и Мерка 7 во висина од 30 милиони евра ќе ги објавиме на почеток на септември. Ги охрабрувам и повикувам сите заинтересирани, да ја искористат оваа можност, за заедно да се радуваме на нови успеси и инвестиции, порача Николовски.

Искуството со ИПАРД 2 покажа дека имаме подготвени апликанти, но и администрација.    
– Слободно може да се заклучи дека Агенцијата покажа капацитет за спроведување на ИПАРД Програмата, со сите огласи од сите мерки контрактиран е целиот буџет од 60 милиони евра европски средства, а склучени се вкупно 2340 договори.  Голем дел од инвестициите се реализирани, а дел сè уште се во фаза на реализација, вкупно досега се поднесени 2095 барања за исплата, а исплатени се 1964 барања со вредност од 42,136,812.03 евра, односно 33,726,195.94 евра (ЕУ ДЕЛ).

Мисијата на Николовски и Бачовски продолжува и во следниот период. Реализираните инвестиции се најдобрата кампања за новата ИПАРД 3 програма и охрабрување за сите што размислуваат да инвестираат.

„Зошто со сопствени средства, кога може државата да ви помогне со 50-60% од вашата инвестиција“ – може слободно да биде слоган на кампањата со која нови 100 милиони евра ќе се инвестираат во македонскиот агрокомплекс.

Може да ви се допадне

Нов агроцентар во Гази Баба вреден над 50 милиони евра – нова надеж за македонските земјоделци!
Организирани банди крадат добиток во Германија: Фармите остануваат без цели стада
ИПАРД 3 програмата на располагање на бизнис заедницата
Трипуновски на камен темелник на свињарска фарма
Иротова – Лазарева: Државата ќе врши набавка и ќе им ги доделува механизацијата и тракторите на земјоделците
Таг:бачовскиземјоделциипард 3љупчомзшникицаниколовски
Претходен напис Раст на трговијата со земјоделско-прехранбени производи во ЕУ
Следен напис Пожарот се приближува кон кочанското село Врбица
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?