Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Украина го потврди договорот за слободна трговија со Македонија
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровест > Украина го потврди договорот за слободна трговија со Македонија
Агровест

Украина го потврди договорот за слободна трговија со Македонија

Објавено 17/08/2023
Сподели
3 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Министерството за економија на 4 јули годинава ја објави Листата на земјоделски производи со потекло од Украина за увоз во Република Македонија за 2023 година со нула царински давачки во рамките на тарифните квоти, а бесцаринските квоти важат од 6 јули годинава до 30 септември. Предвидено е без царина да се увезат масло од сончоглед, чоколади, супи и чорби, конзервиран зеленчук и вино

Украинската Влада на 16 август усвои резолуција за спроведување на Договорот за слободна трговија со Северна Македонија, усвоен во октомври 2022 година, соопшти РБЦ-Украина, повикувајќи се на Министерството за економија. Според трговскиот претставник на Украина, Тарас Качка, оваа резолуција ќе овозможи договорот за слободна трговија меѓу Украина и Северна Македонија, ратификуван пролетта, целосно да биде применет.

Тоа ќе овозможи и промена на механизмот на царинење на земјоделски производи и увоз на стоки од Северна Македонија без давачки во рамките на тарифната квота. Распределбата на квотите во согласност со Договорот за слободна трговија меѓу земјите ќе ја вршат царинските органи по принципот „прв дојден, прв услужен“

-Важно достигнување за Украина во врска со договорот е пристапувањето на Северна Македонија кон регионалната конвенција „Пан-Евро-Мед“, која воспоставува идентични правила за потекло на стоката и сертификатот за превоз на стоки ЕУР.1. потврдувајќи го статусот на преференцијално потекло на стоката – објасни Качка.

Претходно, РБЦ-Украина објави дека Украина и Северна Македонија договориле „транспортно патување без визи“, со што се предвидува укинување на дозволите за билатерален и транзитен превоз за возила од стандардот Еуро-3 и погоре.

Инаку Министерството за економија на 4 јули годинава ја објави Листата на земјоделски производи со потекло од Украина за увоз во Република Македонија за 2023 година со нула царински давачки во рамките на тарифните квоти. Бесцаринските квоти важат од 6 јули годинава до 30 септември.

Дополнителни квоти од 1 октомври до 31 декември годинава не се предвидени. Според листата од Украина во Македонија без царина во рамките на квотите до крајот на септември ќе може да се увезат 50.000 килограми масло од сончоглед и од шафраника, или памуково семе (рафинирани и нерафинирани или хемиски модификувани, 100.000 килограми чоколади и други производи кои содржат какао, 50 илјади килограми конзервиран зеленчук, исто толкаво количество на овошни и сокови од зеленчук, 50 илјади килограми супи и чорби и препарати за нив, 10 илјди литри вино од грозје и шира, вклучително и други пенливи вина.

Извор – Слободен печат

Може да ви се допадне

МИНТ ИНС: Кога ви треба АВТООДГОВОРНОСТ или КАСКО осигурување, не губете време и пари, брокерите ќе ви обезбедат најдобра понуда од осигурителните компании
Директорот на Царина Николовски: Со месеци работиме на истрага за акцизна стока – нешто на што досега било незамисливо да се работи
ЕУ ги суспендира царините за клучните ѓубрива што се користат во земјоделското производство
Согласно Договорот за концесија за рекреативна зона “Вардар – Скопска“ бр.33-2834/1 од Риболовната основа за „Вардар – средно течение“, ЗРСРК РИБАР 2011 Скопје ги воведе следните забрани во 2026 година
Македонија шеста најсиромашна земја во Европа!
Таг:договоризвозмакедонијасептемвриувозукраинацарина
Претходен напис Агенцијата за промоција и поддршка на туризмот изработи нов репрезентативен промотивен материјал 
Следен напис Телеком нема да ги намали сметките, но ќе даде дополнителни 10 гига интернет
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?