Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Агенцијата за промоција и поддршка на туризмот изработи нов репрезентативен промотивен материјал 
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровести > Агенцијата за промоција и поддршка на туризмот изработи нов репрезентативен промотивен материјал 
Агровести

Агенцијата за промоција и поддршка на туризмот изработи нов репрезентативен промотивен материјал 

Објавено 17/08/2023
Сподели
3 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Агенцијата за промоција и поддршка на туризмот изработи нов репрезентативен промотивен материјал кој ги отсликува убавините и уникатните вкусови од овој регион. Новите трендови во туризмот ставаат акцент на патувањето фокусирано на храна, благосостојба и грижата за себе кога патуваат надвор од дневната рутина.  Новите формати на патување како еко-туризам, соло патување, е-туризам, микро-авантури и доживотно патување се појавуваат за да се задоволат сè пофрагментирани и персонализирани потреби.

На наше задоволство, а со силен мотив изработивме гастрономска карта и гастрономски водич за традиционални специјалитети кои се важен дел од понудата во регионите, со цел збогатување на туристичката понуда и зголемување на промоцијата на државата, периодов што следи ќе бидат изработени и видео материјали за истата намена. Брошурата содржи фотографии и текстови за гастрономијата во Република Северна Македонија, културата за неа, храна или друг пијалок кој оди со рецептот, настани или манифестации поврзани со гастрономијата. Гастрономскиот водич е во вид на патеписни приказни за вкусовите на Република Северна Македонија, преточени преку интересни приказни за гастрономијата, виното, традицијата, фолклорот и културното наследство во нашата земја,  рецептите се специфични од аспект на потекло, како се подготвуваат, кој производи се потребни за  традиционалниот специјалитет, легенди за одредени локални традициии. Брошурата содржи локални или регионални традиционални рецепти за одредени јадења од сите 8 плански региони, карактеристични за тој регион или локално место од тој регион.

ГАСТРОНОМСКА МАПА

Илустрираната гастрономска карта има за цел да ги мапира регионите каде има традиционална подготовка на македонски јадења. Идејата е да ги поканиме патувачите на гурманска тура низ С. Македонија, да уживаат во регионалните вкусови. Освен во печатено издание брошурата: Вкусот на мојата земја и гастрономската мапа  се поставена на веб страната.

ВКУСОТ НА МОЈАТА ЗЕМЈА

Земјава нуди атрактивна туристичка понуда, од езерски до планински туризам, еко и рурални туристички аранжмани, а за сите љубители на активните форми на туризам има адреналински тури. За сите гурмани и ено-гастро концептот како туристичка понуда има што да овозможи, за да се вкусат најдобрите вина и да се пробаат највкусните традиционални рецепти приготвени секогаш од свежи продукти. Зголемениот интерес за посета на една од последните неоткриени туристички дестинации-Македонија од страна на новинари, инфлуенсери, блогери, влогери, тур оператори и претставници од туристичкиот сектор на странска земја е се поголем. Креативноста, ресурсите и капацитетите ќе бидат искористени за професионално и туристичко претставување на земјава, на интернационалните саеми за туризам во Мадрид, Истанбул, Белград, Берлин, Загреб, Тирана, Букурешт, Милано, Римини, Варшава, Измир, а целта е промоција на локалитетите, туристичките производи, атракции, авантуристичките форми на туризам, гастрономија, винските патишта, руралните дестинации и региони.

Може да ви се допадне

ДИЗ: Директорот Ангеловски во посета на Тутунскиот комбинат Прилеп
ЦУК: Три пожари на отворено до 13 часот, еден сѐ уште активен
Ресенец нападнат од мечка додека собирал печурки во Курбиново
АХВ издаде забрана за употреба на водата за пиење во Гостивар
АПРЗ во Битола презентираше резултати од анализа на органиска материја и јаглерод во почвите
Таг:агенцијакартасубвенциитуризам
Претходен напис Населени места определени како рурални области кои можат да користат средства од ИПАРД
Следен напис Украина го потврди договорот за слободна трговија со Македонија
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?