Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Полската влада нема да ги отвори границите за увоз на житарки од Украина на 15 септември
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровести > Полската влада нема да ги отвори границите за увоз на житарки од Украина на 15 септември
Агровести

Полската влада нема да ги отвори границите за увоз на житарки од Украина на 15 септември

Објавено 20/07/2023
Сподели
2 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Полската влада одлучи да не ги отвори границите за увоз на житарки од Украина на 15 септември. И покрај одлуката на Европската Унија, ќе дозволи само транзит, а доколку е потребно, подготвена е забраната за увоз да ја прошири и на други земјоделски производи од Украина, соопшти полскиот премиер Матеуш Моравјецки.

„Последиците од оваа војна не смеат да имаат негативно влијание врз полското земјоделство. Или Европската комисија ќе се согласи да подготви регулатива со која ќе се продолжи забраната или ние сами ќе го направиме тоа. Ќе бидеме одлучни, ќе го браниме полскиот земјоделец“, рече полскиот премиер на прес-конференција во Варшава.

Моравјецки нагласи дека се што е лошо за полското земјоделство мора да се блокира, да се смени или за тоа да се платат компензации.

„Ако се појават проблеми и нови сигнали за дестабилизација на другите земјоделски пазари, ќе го направиме истото. Полјаците заработуваат од транзитот на жито и тој не се заканува со дестабилизација. Затоа го олеснуваме и овозможуваме тој извоз“, рече Моравјецки.

Полскиот министер за земјоделство, Роберт Телус, заедно со министрите за земјоделство на Романија, Бугарија, Унгарија и Словачка, побараа од ЕК и по истекот на забраната за увоз од Украина на 15 септември, таа да остане да важи за четири ставки – брашно, пченка, маслодајна репка и семе од сончоглед и да биде дозволен само транзит, пренесе TASS.

Може да ви се допадне

Удар за турскиот извоз: Русија го ограничи увозот на праски, сливи и цреши
Балканот под удар на невреме: град, поплави и ветер што веќе не личи на обична летна бура
Се чека со часови за влез во Грција. Километарски колони и покрај седум ленти
Германските земјоделци предупредуваат на можен недостиг на ѓубрива поради кризата на Блискиот Исток
ДИЗ: Директорот Ангеловски во посета на Тутунскиот комбинат Прилеп
Таг:житополскатранзитукраина
Претходен напис (ВИДЕО) Во силното невреме што ја зафати Србија спасени 15 лица, аеродромот бил привремено затворен, делови од земјата без струја, во Хрватска четворица загинати
Следен напис Приведен дрвокрадец од Кичево
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?