Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Објавен Јавниот повик за финансиска поддршка за Центрите за развој на планинските региони, за инвестиции за изградба и реконструкција на пристапни патишта до нивите
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровести > Објавен Јавниот повик за финансиска поддршка за Центрите за развој на планинските региони, за инвестиции за изградба и реконструкција на пристапни патишта до нивите
Агровести

Објавен Јавниот повик за финансиска поддршка за Центрите за развој на планинските региони, за инвестиции за изградба и реконструкција на пристапни патишта до нивите

Објавено 13/02/2020
Сподели
2 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство го објави јавниот повик за поднесување на барања за финансиска поддршка преку Програмата за капитални субвенции, наменета за финансирање на инвестиции за реконструкција и пробивање на пристапни патишта до земјоделско земјиште.

Оваа финансиска поддршка е наменета за Центрите за развој на Планските региони. Крајниот рок за доставување на барањата е до 25-ти овој месец.

„Со помош на овие средства, Центрите имаат можност да реализираат инвестиции за подобрување на руралната патна инфраструктура преку изградба и реконструкција на пристапни патишта во подрачја со интензивна земјоделска дејност. Со ваквиот тип на инвестиции ќе се подобри и олесни пристапот до обработливите земјоделски површини, што е важно за земјоделците кога ги вршат агротехничките мерки, бербата и транспортот на земјоделските производи“, изјави министерот Димковски.

Право на учество на овој Јавен повик имаат Центрите за развој на планските региони на територијата на Република Северна Македонија, регистрирани согласно Законот за рамномерен регионален развој.  По завршување на проектот,  до Министерството, задолжително се доставува комплетен финансиски извештај и наративен извештај за реализираните средства за имплементација на проектот, најдоцна 15 дена по крајниот рок за имплементација на проектот. 

- Реклама -
Ad image

Главната цел на Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство е да се подобри руралната патна инфраструктура, која е основен предуслов за успешен развој на земјоделството. Ефикасното искористување на овие средства ќе придонесе и за подобар рурален развој и создавање на подобри услови за живот во руралните средини. Создавањето поволни услови за работа за земјоделците, е само дел од пакетот системски мерки кои оваа Влада ги презема за развој и модернизирање на агро-секторот.

Може да ви се допадне

Скопје ќе биде домаќин на првиот форум за енергетска дипломатија – обновливи извори, зелени инвестиции и жените во енергетиката
Есенската сеидба е при крај во Прилепско, се намалуваат површините со пченица поради ниската откупна цена
АХВ: Почна дистрибуцијата на вакцините за болеста сипаници кај овци и кози до ветеринарните друштва
Од утре задолжително поседување зимска опрема за возилата
Без вода дел од Центар поради уличен дефект
Таг:јавен повикмзшвРазвој на планинскиот регионРеконструкција на пристапни патишта
Претходен напис (ВИДЕО) Се враќа традицијата на домашното фамилијарно вино
Следен напис Промовирани нови агрометеоролошки станици и заеднички работен простор – успешни проекти за рамномерен регионален развој
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?