Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Промовирани нови агрометеоролошки станици и заеднички работен простор – успешни проекти за рамномерен регионален развој
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровести > Промовирани нови агрометеоролошки станици и заеднички работен простор – успешни проекти за рамномерен регионален развој
Агровести

Промовирани нови агрометеоролошки станици и заеднички работен простор – успешни проекти за рамномерен регионален развој

Последна измена: 13/02/2020 13:10
Сподели
5 мин. за читање
Сподели

Општина Василево и општина Струмица, 13 февруари 2020 – Центарот за развој на Југоисточниот плански регион денес ги претстави успешно завршените проекти: „Заеднички работен простор – средство за зајакнување на соработката со бизнис секторот“ и „Агрометеоролошки станици за заштита на земјоделските култури и животната средина“, реализирани со финансиска поддршка од Министерството за локална самоуправа и Швајцарската Агенција за развој и соработка.

Домаќин на промотивниот настан беше Центарот за развој на Југоисточниот плански регион, а како почесни гости присуствува Министерот за локална самоуправа на Република Северна Македонија, Горан Милевски, Амбасадорката на Швајцарија во Република Северна Македонија, Сибил Зутер, Претседателот на Советот за развој на ЈИПР, Коста Јаневски, кој е воедно и Градоначалник на општина Струмицa, како и останатите градоначалници на општините од Југоисточниот плански регион. По посетата на една од станиците поставена во општина Василево, гостите, меѓу кои и многу земјоделци, имаа можност да го посетат и Заедничкиот работен простор во Центарот за развој на Југоисточниот плански регион во Струмица.

„Двата проекти се партнерски на сите општини од Југоисточниот плански регион и особено сме горди на ваквата меѓуопштинска соработка, а средствата во висина од 7 милиони денари во целост ги обезбедува Министерството за локална самоуправа и Швајцарската агенција за развој и соработка во рамките на проектот “Одржлив и рамномерен регионален развој,“ изјави Министерот за локална самоуправа, Горан Милевски.

На промоцијата се презентираа резултатите од успешно имплементираните проекти од Југоисточниот регион преку Грантовите шеми за инвестициски и за иновативни проекти овозможени преку проектот „Одржлив и инклузивен рамномерен регионален развој“ поддржан од Швајцарската Агенција за развој и соработка. Од страна на Раководителката на Центарот за развој на Југоисточниот плански регион, Жулиета Ѓуркова беше доделена благодарница на Амбасадорката на Швајцарија, Сибил Зутер.

„И двата проекти кои што ги промовираме денес, агрометеролошките станици и новиот Заедничкиот работен простор придонесуваат за подобрување на претприемничкото опкружување за деловните активности во регионот. Би сакала да ја искористам оваа прилика да ве информирам дека двете грантови шеми за инвестициски и иновативни проекти за 2020 година во висина од 1,4 милиони швајцарски франци, се веќе во тек.“ истакна Амбасадорката на Швајцарија, Сибил Зутер.

„Поддршката што ја овозможуваат Швајцарската Агенција за развој и соработка и Министерството за локална самоуправа за одржлив и рамномерен регионален развој е од големо значење за сите плански региони. Преку овозможените грантови шеми за период 2019 година, имплементиравме активности за зголемување на учеството на граѓаните во планирањето и донесувањето на одлуки на регионално ниво со цел искористување на развојните потенцијали и нивно одржливо управување. Средствата кои ни беа овозможени ги насочивме кон подобрување на условите за заштита на животната средина преку воведување на нови технологии во земјоделството, односно поставување на 23 агрометеоролошки станици во сите општини во регионот со посебни сензори кои прогнозираат временски услови и болести за одредени земјоделски култури и вмрежување со бизнис секторот преку воспоставување на Заеднички работен простор во регионот“, изјави Жулиета Ѓуркова, Раководителка на Центарот за развој на Југоисточниот плански регион.

„Општина Струмица веќе подолго време преку форма на консултација на граѓаните како што се форуми на заедниците, практикува да ги вклучи сите граѓани заеднички да размислуваат, да разговараат, да приоретизираат и заеднички да помогнат во процесот на креирање на решенија на одредени проблеми согласно потребите на граѓаните и во таа насока заеднички да се изгради општина во која сите ќе се чувствуваат среќни и задоволни. Ја поздравувам идејата за идентификација на проблеми и подготовка на проекти на партиципативен начин и на регионално ниво, бидејќи преку овој пристап проблемите и предлог решенијата произлегуваат од самите граѓани. Сведок сум дека реализацијата на овие два проекти се одвиваше со забрзана динамика со цел да се добијат денешните посакувани резултати од кои веќе имаат корист сите граѓани од регионот.“, изјави Коста Јаневски, Претседател на Советот за развој на Југоисточниот плански регион и Градоначалник на општина Струмица.

Може да ви се допадне

Димитриеска-Кочоска на средба во СКСМ – Намалуваме царини на 70 производи, ќе се зголеми производството и извозот
Зголемен извоз на земјоделски производи за пет отсто, Владата најавува натамошна поддршка
АФПЗРР на 63-та конференција Pantha Rhei
Просечната нето плата во март 44 763  денари
Потпишување на Договорот за стратешко партнерство со Обединетото Кралство
Таг:ВасилевоНово Агрометереолошки станициПроекти за регионален развојструмица
Претходен напис Објавен Јавниот повик за финансиска поддршка за Центрите за развој на планинските региони, за инвестиции за изградба и реконструкција на пристапни патишта до нивите
Следен напис Развојот на руралниот туризам – важна станица за привлекување на туристи!
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?