Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Продолжува поддршката за малите производители, доделени договорите за грант до 10.000 евра за земјоделски производители на храна од животинско потекло
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровести > Продолжува поддршката за малите производители, доделени договорите за грант до 10.000 евра за земјоделски производители на храна од животинско потекло
Агровести

Продолжува поддршката за малите производители, доделени договорите за грант до 10.000 евра за земјоделски производители на храна од животинско потекло

Објавено 13/07/2023
Сподели
4 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Денеска, во Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство беа доделени договорите за неповратна финансиска поддршка во форма на грант до 10.000 евра, за инвестиции на земјоделски производители на храна од животинско потекло, од Програмата за мали производители.

Ова е нова програма која е воведена за прв пат, како една од клучните промени во реформата за поддршка на малите производители. Договорите се со вкупна вредност од 8. милиони денари, наменети за развој на сточарското производство, за инвестиции во опрема, основни средства и услуги кои имаат за цел остварување на додадена вредност во примарното производство, развој на производи со традиционални карактеристики и зголемување на конкурентноста, како и развој на семејни бизниси од областа на производство на храна од животинско потекло.

„Предноста на оваа финансиска поддршка е авансната исплата, што значи дека сите добитници на грант, веднаш по потпишување на договорот, во рок од 10 дена ќе ги добијат парите, со кои треба во рок од 45 дена да ја набават опремата за која аплицирале. Целта е преку финансиска поддршка да се помогне на малите земјоделски стопанства, на малите фарми, да ги зголемат капацитетите и со тоа да си го зголемат приходот и да изградат сопствени брендови“ изјави министерот Николовски.

Поддршката на министерството за развој на сточарството е континуирана. Во изминативе пет години направивме многу за сточарите. Во 2019, нашите бачила за прв пат добија струја од фотоволтаични панели. Во 2020 донесовме Правилници за продажба од куќен праг, со што им овозможивме легално од фарма да ги продаваат своите производи и да остваруваат приход. Во 2022 овозможивме рекордна набавка од околу 4000 грла високо педигриран добиток, со висок генетски потенцијал, со што помогнавме во обновување на сточниот фонд со високомлечни раси. Годинава започнавме многу значаен процес за легализација на фармите.

Со тоа ќе им помогнеме на земјоделците да го легализираат својот имот, со што ќе бидат во можност да ги обноват своите капацитети или да изградат целосно нови. На тој начин ќе станат поконкурентни и ќе им го отвориме патот за зголемен пристап до сите мерки и политики на министерството, но пред се до ЕУ фондовите и ИПАРД програмата.

Како никогаш досега има редовна, навремена и брза исплата на субвенции за разлика од 2017 година, кога сточарите имаа задоцнети девет фази на неисплатено млеко, а годинава за само шест месеци за сточарството се исплатени 1,3 милијарди денари. Нема доцнење и нема заостанати долгови. За прв пат оваа година ќе започнеме со авансна исплата на субвенциите од реколта 2023. Земјоделците ќе добијат авансни 30% до крајот на годинава.

„Малите производители ќе останат во фокусот на нашите политики, ќе ги поддржиме да растат и да го зголемуваат производството, младите да останат во државава и тука да ја градат својата иднина. Затоа сме посветени на поддршка за малите фарми, младите и жените“ подвлече министерот Николовски.

Министерот Лупчо Николовски, заедно со заменик министерката Вјолца Бериша ги доделија договорите и им честитаа на сите добитници на грант, им посакаа побрзо да ја набават новата опрема и заедно да продолжуваме да го модернизираме домашното производство.

Може да ви се допадне

“Рурални Жени за одржлив развој на Преспа”: Почнавме со берење на планински чај!
Министерството за економија и труд и Пазарниот инспекторат најавија засилен надзор врз движењето на цените
Безбедна е водата за пиење во Скопје
Ристески пред средбата со производителите, трговците и дистрибутерите: Не смее да има воени профитери што ќе заработуваат на грбот на граѓаните
Серафимовски: Земјоделските политики ги креираме во дијалог со производителите
Таг:10000 евраgrantгрант
Претходен напис Од 13 до 16 јули портокалова фаза, се препорачува ослободување од работа на најранливите категории
Следен напис Законот за земјоделско осигурување влегува во владина процедура
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?