Претседателот на Здружението на земјоделци Стиг и Млава, Драшко Живковиќ вчера изјави дека жетвата на пченицата во Србија може да започне по 10 јули доколку дождот не ја одложи.
Тој за „Бета“ вели дека жетвата е во тек, но родот кај раните сорти пченица и на помалите парцели е слаб, иако тоа не мора да е показател за општата состојба на посевите.
- Пченицата годинава беше прилично лоша, трипати ја заштитувавме од разни болести, а при цветањето врнеше дожд што го спречи опрашувањето, па родот е под знак прашалник – вели Живковиќ.
Тој додава дека се надева дека временските услови, како пред десет години, нема да се повторат – за време на жетвата постокано да врне, а пченицата да прорти во калта.
Живковиќ вели дека неколку здруженија на земјоделци побарале од државата пред две недели да откупи 300.000 тони пченица по цена повисока од пазарната, што е под 32 динари за килограм, колку што е производната цена.
Според претседателот на Независното здружение на земјоделци на Србија, Јовица Јакшиќ, земјоделците кои ги примениле сите агротехнички мерки можат да очекуваат добар род на пченица, додека останатите многу слаб.
Јакшиќ вели дека честите врнежи се голем проблем и дека пченицата кога е зрела, а не може да се оврши, го губи својот квалитет.
- За неколку дена пченицата може да изгуби 20 отсто од квалитетот поради дождот – рече Јакшиќ.
Додава дека жетвата на маслодајната репка е во тек и дека приносот е добар, околу три до четири тони по хектар, но дека цената е ниска, околу 42-43 динари за килограм, додека лани била 95 динари на почетокот на жетвата, а подоцна паднала на околу 70 динари.
- Цената на маслодајната репка е толку ниска што и под услов приносот да биде максимален, четири тони по хектар, приходот од таој род, по цена од 42 динари, не може да ги покрие сите производствени трошоци, бидејќи изнесува околу 170.000 динари, а сеидбата без пресметани трошоци за работна сила, амортизација на машини и осигурување, чини од 170.000 до 180.000 динари – рече Јакшиќ.
Извор: Еkapija.com
