Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: МЗШВ – Порибена акумулацијата „Стрежево” со 6000 единки крап и пастрмка
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровести > МЗШВ – Порибена акумулацијата „Стрежево” со 6000 единки крап и пастрмка
Агровести

МЗШВ – Порибена акумулацијата „Стрежево” со 6000 единки крап и пастрмка

Објавено 29/06/2023
Сподели
3 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Денеска, министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Љупчо Николовски, заедно со директорот на ЈП “Стрежево“ – Битола, Методија Граматковски, учествуваа во порибувањето на водите на акумулацијата Стрежево со 1.000 единки подмладок од крап и 5.000 единки подмладок од пастрмка, како дел од активностите за зачувување и заштита на животната средина, спречување на еколошки проблеми и зачувување на биодиверзитетот.

Локацијата на порибувањето беше браната “Стрежево” (крајбрежниот појас во близина на Командната зграда и Шахтниот преливник на акумулацијата “Стрежево”). Порибувањето се реализираше со подмладок од крап  со единечна маса од 50-800 грама и пастрмка со единечна маса од 10-70 грама. Подмладокот потекнува од регистрираниот репроцентар Акватика.

„Ние како ресорно министерство, постојано се грижиме за одржување на рибниот фонд во езерските и речните води на територија на целата држава, водејќи грижа за континуирано унапредување на рибараството и аквакултурата во државава. Неодамна успешно завршивме проект финансиран од ЕУ „Усогласување на законодавството и имплементација на правото на ЕУ во областа на рибарството и аквакултурата во Република Северна Македонија“. Придобивките на проектот се значајни не само за МЗШВ, туку и за целата држава, бидејќи со резултатите на проектот, одиме чекор понапред во усогласувањето на нашето законодавство со законодавството на ЕУ за Поглавје 13-Рибарство, а со тоа и чекор понапред кон нашата стратешка цел – членство во Европската Унија“ изјави министерот Николовски.

Министерот искажа задоволство од работата на ЈП Стрежево, кои покажаа дека во досегашниов период ја оправда довербата за управување со водите на акумулацијата и успешно се грижат за зачувување на рибниот фонд, преку редовно порибување.

“Јавното претпријатие Стрежево со сопствени средства обезбеди подмладок од вкупно 6.000 единки  кои денеска ги пуштивме во водите на Стрежево. Ние како концесионер, постојано се грижиме за одржување на рибниот фонд во акумулацијата Стрежево. Со тоа овозможуваме одржување и зголемување на популацијата на риби, а воедно тоа значи и зачувување и заштита на автохтони (домородни) и загрозени видови на риби, како и грижа за нивната видова разновидност, старосна структура и бројност“, изјави директорот Граматковски.

Стрежево плански управува со рибите во акумулацијата, овозможува трајно користење на рибите преку одржлив развој на рекреативниот и спортски риболов, како и развојот на аквакултурата.

Во рамките на денешната посета на Стрежево, министерот Николовски оствари работна средба со директорот на претпријатието Методија Граматковски. Покрај развојот на рибарството и аквакултурата, неизбежни и клучни теми беа преземените мерки за престојната сезона за наводнување, користењето и одржувањето на Хидросистемот Стрежево, како и улогата на претпријатието како значаен чинител врз развојот на квалитетно и квантитетно земјоделско производство.

Може да ви се допадне

Жетвата на житото почна, а уште нема цена за него
АХВ утврди неправилности и кај месните производи
Лозовите насади на тероар вината на „Тиквеш“ меѓу најдобрите во Европа
Раст на БДП од 3,1 отсто во првиот квартал
СКСЗМ одбележа 20 години јубилеј, две децении посветеност на економскиот развој и поддршка на приватниот сектор
Таг:крапМЗШВпастрмкаСтрежево
Претходен напис АФПЗРР ја реализираше исплатата за над 1000 полјоделци кои своето производство на пченица, ‘рж, јачмен, овес и сончоглед го предале во домашни преработувачки капацитети
Следен напис Во Делчево активности за санирање на улиците оштетени од невремето
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?