Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Во Делчево активности за санирање на улиците оштетени од невремето
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровести > Во Делчево активности за санирање на улиците оштетени од невремето
Агровести

Во Делчево активности за санирање на улиците оштетени од невремето

Објавено 29/06/2023
Сподели
3 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Во Делчево започнаа активностите за санирање на улиците оштетени од невремето на 8 јуни 2023. Владата на последната Седница донесе одлука државните јавни претппријатија да се вклучат во санирањето на последиците од невремето во Делчево, по што денеска започнаа теренски активности за  мерење на ширината и должината на делот од улиците кој е оштетен, по што ќе следуваат активности и за нивна санација.

-Според владината одлука, во интерес на граѓаните за нивно санирање, заштита и реконструкција, ангажирани се Јавното претпријатие за одржување магистрални и регионални патишта и Јавното претпријатие за јавни државни патишта. Двете јавни претпријатија имаат рок од шест месеци да достават извештај за извршената работа. Одлуката е донесена по известувањата доставени од општините со листа на приоритети за санација на штетите на инфраструктурата коишто се во надлежност на општината и листа на приоритети на инфраструктурни објекти коишто се во надлежност на Републиката, информираа од Општина Делчево.

Најкритичните места на кои во Делчево ќе се интервенира во Делчево се крак од улицата заедно со булевар „Македонија“,  мостот на реката Брегалница, како и дел од улиците „Царевоселска“, „Голачка“,  „Иво Лола Рибар“ и „Јане Сандански“. 

Градоначалникот Трајковски посочи дека ова е уште еден доказ дека оваа Влада покажува вистинска грижа за граѓаните и помага на сите, кога е тоа најнеопходно.  

-Штетите предизвикани од силното невреме во Делчево се големи и оваа поддршка од Владата е клучна за санација на поголемиот дел од оштетената инфарструктура.  Останатата оштетена инфраструктура ќе се санира со средства од Буџетот на Општина Делчево. Очекувам деновиве да започнат градежните работи на критичните точки, рече Трајковски.     

Силно невреме со пороен дожд и грмежи на 8 јуни во попладневните часови го зафати Делчево што предизвика оштетувања на дел од коловозите во градот и околината, а беа поплавени подрумски простории на куќи и други објекти во градот. До Општина Делчево беа поднесени 160 пријави за штети од физички и правни лица, а Комисијата за проценка на штетите по завршениот увид по поднесените пријави, ќе работи по новата методологија и има обврска да изготви елаборат кој ќе биде доставен до Републичката комисија за проценка на штетите.

Може да ви се допадне

Жетвата на житото почна, а уште нема цена за него
АХВ утврди неправилности и кај месните производи
Лозовите насади на тероар вината на „Тиквеш“ меѓу најдобрите во Европа
Раст на БДП од 3,1 отсто во првиот квартал
СКСЗМ одбележа 20 години јубилеј, две децении посветеност на економскиот развој и поддршка на приватниот сектор
Таг:делчевоневреметооштетенисанирање
Претходен напис МЗШВ – Порибена акумулацијата „Стрежево” со 6000 единки крап и пастрмка
Следен напис Во Ресен презентирани европските проекти за поддршка на земјоделските задруги и за модернизација на македонското земјоделство
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?