Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Претставките за кои не е надлежна, АХВ ги препраќа за постапување до другите институции
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровести > Претставките за кои не е надлежна, АХВ ги препраќа за постапување до другите институции
Агровести

Претставките за кои не е надлежна, АХВ ги препраќа за постапување до другите институции

Објавено 01/06/2023
Сподели
3 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Секој граѓанин има свое право да поднесе претставка или предлог до државните органи и јавните институции опфатени со Законот за постапување по претставки и предлози со цел да ги задоволи своите права и правни интереси. Агенцијата за храна и ветеринарство ќе постапува по претставки и предлози по наводи кои се во нејзина надлежност согласно законските прописи. Кога органот прима претставка, односно предлог по која не е надлежен да постапува, овластеното службено лице истата ја препраќа до надлежниот орган без одлагање.

Претставки кои се во надлежност на други институции:

-Ширење на непријатна миризба (при угостителска или туристичка дејност) – согласно член 20 од Законот за животна средина официјалниот инспектор за животна средина има право да изврши надзор на спроведувањето на мерките на заштита од непријатна миризба во просторијата и околината каде што престојува и се движи човекот.

-Зголемена јачина на звук (бучавост) емитирани од уреди, апарати и опрема за работа и производство – согласно член 21 од Законот за животна средина официјалниот инспектор за животна средина има право да изврши надзор на спроведувањето на мерките на заштита од бучава.

-Одредување на локација за трговија на стоки во киосци, продажба од подвижни улични продавачи (камиони приколки и др.) – може да се врши на места определени со одлука на советот на општината односно Град Скопје согласно член 16 од Законот за трговија.

-Заловувањето на бездомни кучиња кои се агресивни и напаѓаат минувачи, го вршат општините во градот Скопје односно градот Скопје согласно план и програма која е одобрена од Агенцијата за храна и ветеринарство, определувајќи приближен број на кучиња кои ќе бидат заловени и третирани и локации од каде ќе се врши заловувањето, како и планирани расходи за постапување со бездомните кучиња врз основа на претходна спроведена проценка на популација на бездомни кучиња согласно член 5 од Закон за комунална дејност и согласно член 15 од Правилникот за постапките за заловување, интервенции и третман на бездомните кучиња, начинот на спроведување на тестот за социјализација, начинот и содржината на податоците за водење на евиденција и начинот на вршење на надзор, условите за одобрување на прифатилиштата, формата и содржината на барањето за одобрување, као и формата и содржината и начинот на водење на регистарот на одобрени прифатилишта.

Општините, општините во градот Скопје и градот Скопје поблиску го пропишуваат начинот на организирање и вршење на комуналните дејности, како и начинот на користење на комуналните услуги во поглед на услови за чување на животни и домашни миленици во дворни места на колективни и индивидуални станбени објекти во населени места, начинот за одржување на чистота во дворни места, места на колективни и индивидуални станбени објекти во населени места, согласно член 12 став 3 тока 8 од Закон за комунална дејност.

Може да ви се допадне

Жетвата на житото почна, а уште нема цена за него
АХВ утврди неправилности и кај месните производи
Лозовите насади на тероар вината на „Тиквеш“ меѓу најдобрите во Европа
Раст на БДП од 3,1 отсто во првиот квартал
СКСЗМ одбележа 20 години јубилеј, две децении посветеност на економскиот развој и поддршка на приватниот сектор
Таг:Агенција за храна и ветеринарствоАХВ
Претходен напис Од денеска основните производи со „одмрзнати“ цени, поскапувања не се очекуваат
Следен напис Реализирани 345 средби за Промоција на мерките од програмите на МЗШВ
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?