Заклучно со 31.03.2023 година од страна на советниците на АПРЗ се реализирани 345 средби во населени места за промоција на мерките од програмите за поддршка во земјоделството и руралниот развој, со присуство на повеќе од 3580 заинтересирани земјоделски производители.
Со почетокот на месец март, Агенцијата за поттикнување на развојот на земјоделството, заедно со Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство, Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој и Агенцијата за храна и ветеринарство започна голема теренска кампања во насока на информирање на земјоделските производители за можностите за искористување на мерките од програмите за поддршка.

За таа цел, АПРЗ изработи акционен план со детални оперативни планови за теренска посета при што се планираше да бидат опфатени околу 460 населени места во сите општини во државата.
Целта на информативната кампања е поголем број на производители да бидат запознаени со мерките од програмите за поддршка, подобноста и критериумите за користење на оваа поддршка.

Според планот за објавување на јавните повици во 2023 година на АФПЗРР и МЗШВ, АПРЗ изврши појаснување за критериумите во мерките за користење на средствата преку континуирано информирање на локалните медиуми за претходната најава и објавување на јавниот повик (во соработка со МЗШВ, АФПЗРР…..).
Помош на земјоделците при пополнување на барањата за мерките од програмите во 2023 година.
Во овој дел АПРЗ ќе пристапи кон помош при пополнување на барањата (технички предлог проект или деловен план) кои ќе бидат заведувани во формуларот за следење по вработен.
Согласно ингеренциите, акцентот на промоција, информирање и презентација од страна на АПРЗ ќе биде насочен кон следните програми:

Програма за финансиска поддршка на руралниот развој
Уредба за доделување на техничка помош во земјоделството и руралниот развој
Програма за финансиска поддршка во земјоделството
Уредба за начинот на директните плаќања
Програма за финансирање на земјоделски производители на храна
Програма за поддршка за социјална сигурност на жените кои вршат земјоделска дејност
Според спецификите и потребите на теренот, ќе бидат вклучени и следните програми:

Програма за финансирање на микро земјоделски производители на вино и алкохолни пијалаци Програма за финансиска поддршка во рибарството
И во наредниот период кампањата ќе продолжи со консеквентно информирање и промоција на програмите, како и појаснување на критериумите и директна поддршка во поднесување на барања при објавен јавен повик.
