Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Сите категоризирани угостителски објекти и лиценцирани туристички агенции имаат право да аплицираат за 150.000 денари – субвенции за дигитализација на секторот
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровести > Сите категоризирани угостителски објекти и лиценцирани туристички агенции имаат право да аплицираат за 150.000 денари – субвенции за дигитализација на секторот
АгровестиЈавни огласи и повици

Сите категоризирани угостителски објекти и лиценцирани туристички агенции имаат право да аплицираат за 150.000 денари – субвенции за дигитализација на секторот

Објавено 28/04/2023
Сподели
6 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Јавниот оглас за субвенции за дигитализација на туристичкиот сектор веќе е активен. Со оваа активност на Министерството за економија се субвенционираат разни софтверски решенија наменети за туристичко/угостителскиот сектор кои ќе придонесат за дигитализација на туристичката понуда и подобрување на дигиталната промоција на туристичко/угостителскиот сектор во Република Северна Македонија и на располагање се вкупно 2.000.000 денари.

Право на учество имаат сите категоризирани угостителски објекти и лиценцирани туристички агенции во Република Северна Македонија.

Средствата можат да се користат исклучиво за имплементација на софтверски решенија како на пример за интернет платформа и софтверско решение за менаџирање на хотели и други туристички објекти со која се овозможува целосна дигитализација на услугите и менаџирање на туристичкиот објект, а во кој се интегрирани следните системи:

-Систем за резервирање;

-Систем за менаџирање и синхронизација на платформи за резервација;

-Веб платформа;

-Интеграција на ПОС терминали за електронско плаќање;

-Мобилни апликации,

-Техничка поддршка.

Потребни документи за аплицирање се:

– Образец „БАРАЊЕ – СТ 2023” Барање за субвенции за имплементација на софтверски решенија наменети за туристичко/угостителскиот сектор.

БарањеПреземи

–ИЗЈАВА за државна помош;

ИзјаваПреземи

Во прилог на барањето треба да се достават:

– ТЕКОВНА СОСТОЈБА (документ издаден од Централен регистар не постар од 6 (шест) месеци;

–УВЕРЕНИЕ ЗА ПЛАТЕНИ ДАНОЦИ И ПРИДОНЕСИ ОД УЈП не постаро од 6 (шест) месеци;

–Решение за категоризација на угостителски објект (или барање за категоризација поднесено до Министерство за економија пред објавување на огласот) или Лиценца за вршење на туристичка дејност;

– Изјава (Образец „ИЗЈАВА-2023”) треба да биде потпишана од барателот и заверена на нотар.

ИзјаваПреземи

– Договор со регистрирана ИТ компанија за имплементација на Софтверско решение.

ИТ компанијта треба да ги исполни следните услови и да достави:

-ТЕКОВНА СОСТОЈБА (документ издаден од Централен регистар не постар од 6 (шест) месеци);

-УВЕРЕНИЕ ЗА ПЛАТЕНИ ДАНОЦИ И ПРИДОНЕСИ ОД УЈП не постаро од 6 (шест) месеци;

Софтверот треба да ги има:

1- Веб апликација

2- IOS мобилна апликација

3- Android мобилна апликација

Средствата од субвенциите не се наменети за кофинансирање на следните трошоци

-Набавка на потрошен материјал;

-Износот платен за ДДВ за намените/трошоците за кои се бара кофинансирањето,

-Царина за наменитите за кои се бара кофинансирањето;

-Курсни разлики;

-Закупнина за деловен простор и сл.

Разгледувањето на апликациите и утврдување на исполнувањето на условите од јавниот повик, Комисијата ќе го врши запазувајќи го принципот „прв дојден, прв услужен“.

Кај мерката ќе се земаат во предвид докажаните трошоци предвидени во Договорот настанати во периодот од 01.01.2023 година до крајниот рок на аплицирање утврден во јавниот повик и за кои соодветната Комисија при увид на лице место ќе констатира дека трошокот е реално направен и е во согласност со приложените финансиски докази.

На овој Јавен повик немаат право на учество компании на кои во претходните години им се одобрени субвенции за истата мерка.

Субвенции за имплементација на софтверски решенија наменет за туристичко/угостителскиот сектор ќе се врши преку Кофинансирање до 60% од докажаните трошоци, но не повеќе од 150.000,00 денари.

Министерството за економија 60% од средствата за субвенција ќе ги префрли на апликантот по имплементирање на софтверското решение и докажување на трошоците со потврда (извод од банка) и Договор со ИТ компанија со потврда дека во целост е реализиран истиот.

Фактура/и за направените трошоци за предвидените намени со Извод од банка депонент или свифт од кој се гледа дека апликантот целосно ги подмирил обврските за направените трошоци по приложените фактури.

Горенаведената документација се доставува во оригинал или копија.

Доколку документацијата се достави во копија, веродостојноста на горенаведената документација, ја потврдува подносителот на барањето со свој потпис и печат на секоја страница.

Доколку фактурите/договорите се на странски јазик, потребно е за истите да се достави и превод на македонски јазик од овластен судски преведувач.

Угостителскиот објект/ туристичката агенција дополнителниот износ од 40% е обврзана да го реализира со сопствени средства согласно договорот со ИТ компанијата.

7. Барањата заедно со потребната документација се доставуваат во затворен коверт до архива на Министерство за економија, ул.Јуриј Гагарин бр.15 Скопје, секој работен ден од 9.00 – 15.00 часот.

На предната страна на ковертот треба да стои: До Министерство за економија, за јавен повик за финансиска поддршка за Дигитализација.

На задната страна на ковертот треба да стои назив и седиште на апликантот.

Доколку средствата се исцрпат додека сеуште трае јавниот повик, Министерството за економија ќе објави Известување за исцрпување на расположивите средства на својата веб страна www.economy.gov.mk

Крајниот рок за аплицирање по овој Јавен повик е до 26.05.2023 година.

Апликациите кои ќе пристигнат по исцрпување на расположивите средства и по завршувањето на рокот за аплицирање нема да бидат разгледани.

За подетални информации да се обратите на: тел:(02) 3093 543; (02) 3093 536 и (02) 3093 540

е-маил: tourism @economy.gov.mk

Повеќе информации на линкот: Министерство за економија

Може да ви се допадне

Раст на БДП од 3,1 отсто во првиот квартал
СКСЗМ одбележа 20 години јубилеј, две децении посветеност на економскиот развој и поддршка на приватниот сектор
Славески: Народната банка треба да добие механизми за ограничување на банкарските надоместоци
Бјорн Наумовски Вискиус за МИА: Овдешната бирократија е вистински шок за Швеѓаните, но и тие можат многу да научат од овде за топлината и прилагодливоста во тешкотиите
Во грчките градови Кожани и Агринио уапсени 13 лица за измами со европските земјоделски субвенции во висина од 2,5 милиони евра
Таг:министерство за економијатуристички агенцииугостителски објекти
Претходен напис Мај е на прагот, што се работи во градината во овој месец?
Следен напис Почнува садењето на тутунот, производителите очекуваат добра година и повисоки цени
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?