Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Во Македонија најмногу несреќи при работа се случуваат во преработувачката индустрија, голем број несреќи и при вршење работи во земјоделството
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровести > Во Македонија најмногу несреќи при работа се случуваат во преработувачката индустрија, голем број несреќи и при вршење работи во земјоделството
Агровести

Во Македонија најмногу несреќи при работа се случуваат во преработувачката индустрија, голем број несреќи и при вршење работи во земјоделството

Објавено 28/04/2023
Сподели
4 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Македонското здружение за заштита при работа во континуитет од 2008 година секоја година објавува извештај за несреќи на работното место.

„Во 2022 година успеавме да забележиме 169 несреќи при работа. Би сакале да потенцираме дека оваа бројка е конзервативна и во голема мера не го отсликува вистинскиот број на потешки несреќи на работното место, кој во просек според податоците на Институтот за Јавно здравје до 2020 година е некаде околу 1500 потешко повредени на годишно ниво.
Според податоците кои успеавме да си прибереме и систематизираме 22 потешки несреќи на работното место беа со фатални последици. Следбено на оваа бројка на загинати вработени, стапката на смртни случаи при работа во Македонија изнесува 3,17 односно на секои 100.000 вработени, 3 вработени гинат на работното место во 2022 година. Оваа стапка на смртност, е во благ пад споредбено со претходната 2021 година, кога изнесувала 3.77.
Кога пак како параметар ќе се земат повредите при работа, тогаш стапката на повреди при работа за 2022 година изнесува 21,21, што покажува дека на секои 100.000 вработени, потешко се повредуваат околу 21 вработени. Споредбено со минатата година, кога стапката на повреди при работа изнесувала 16,97, стапката на повреди за 2022 е во благ пораст.“, пишува во Извештајот.

Според Извештајот, во 2022 година најмногу несреќи имало во Преработувачката индустрија 59, по што следи Јавна управа и одбрана 27 и Градежништвото 14.

Најголем број на несреќи кои резултирале во смрт има во дејностите на домаќинства како работодавачи 8, градежништвото 6 и преработувачката индустрија 3.

Дејностите на домаќинства како работодавачи во голем дел ги опфаќаат земјоделските работи на своите имоти. Доколку овие лица се регистрирани како земјоделци, тогаш голем дел од повредите би се припишале на дејноста земјоделство. Најголемиот број на несреќи во оваа дејност се случиле со земјоделска машина – трактор, при вршење на земјоделски работи, транспорт или при учество во сообраќај. Исто така градежните зафати врз објектите од домаќинството каде што имаше исто така зголемен број на повреди и смртни случаеви, покажува дека дејностите во домаќинствата се една од најчестите причини за настанување на несреќи при работа.

ПОДЕЛБА НА НЕСРЕЌИТЕ ПО ДЕНОВИ ВО 2022
При анализата во Извештајот е утврдено дека најголем број смртни случаи имало во сабота 6, петок 4, четврток и недела по 3. Скоро ист број смртни случаи, по 2 имало во првите три работни дена од неделата, а исто така голем број на повреди имало и во другите денови од неделата од кои
предничат вторник со 42 и четврток со 41 повреди.

НЕСРЕЌИ ПО МЕСЕЦИ ВО 2022
Според резултатите добиени од анализа на несреќите при работа, по месецот во кој се случиле, можеме да видиме дека најмногу несреќи се случиле во месец мај – вкупно 32. Во летните месеци се случиле најголем број на смртни случаи, месец јули со вкупно 6 е на врвот. Може да се забележи дека несреќите за кои во минатите години предничеа летните месеци, во 2022 година се во благ пад, но имаме пораст во повеќето други месеци особено зима и пролет.

Може да ви се допадне

Жетвата на житото почна, а уште нема цена за него
АХВ утврди неправилности и кај месните производи
Лозовите насади на тероар вината на „Тиквеш“ меѓу најдобрите во Европа
Раст на БДП од 3,1 отсто во првиот квартал
СКСЗМ одбележа 20 години јубилеј, две децении посветеност на економскиот развој и поддршка на приватниот сектор
Таг:земјоделствонесреќа при работапреработувачка индустрија
Претходен напис Кога и како се бере жолтиот кантарион?
Следен напис Бабовски: Ќе може да се врши репопулација на свињарските фарми на цела територија на Македонија, но мора да се почитуваат дефинираните услови пропишани со правилникот
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?