Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Бабовски: Ќе може да се врши репопулација на свињарските фарми на цела територија на Македонија, но мора да се почитуваат дефинираните услови пропишани со правилникот
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровести > Бабовски: Ќе може да се врши репопулација на свињарските фарми на цела територија на Македонија, но мора да се почитуваат дефинираните услови пропишани со правилникот
АгровестиСточарско производство

Бабовски: Ќе може да се врши репопулација на свињарските фарми на цела територија на Македонија, но мора да се почитуваат дефинираните услови пропишани со правилникот

Објавено 28/04/2023
Сподели
2 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Во државата нема ниеден регион, ниедна општина каде што се спроведуваат заштитините мерки и во ниеден регион не се во сила мерките што се спроведуваа за заштита и спречување на болеста африканска свинска чума. На територијата на цела држава ќе може да се изврши репопулација на свињарските фарми по точно дефинирани услови коишто се пропишани со правилникот, рече на денешната прес-конференција директорот на Агенцијата за храна и ветеринарство, Николче Бабовски.

Бабовски нагласи дека и покрај тоа што е тргната забраната за одгледување свињи, сепак, вселувањето (репопулацијата) на свињите во одгледувалиштата на свињи ќе се врши само доколку се исполнети следниве услови:
-Одгледувачот треба да поднесе Барање до надлежното ветеринарно друштво за одобрување за вселување на домашни свињи во одгледувалиштето.
-Вселување на домашни свињи во одгледувалиштето може да се одобри само доколку истото е регистрирано и категоризирано со низок или среден ризик во однос на воспоставени биосигурносни мерки.
-Одгледувалиштето пред вселувањето треба да биде исчистено и дезинфицирано од страна на надлежното ветеринарно друштво на товар на одгледувачот.
-Животните кои се вселуваат треба да потекнуваат од одгледувалишта со среден или низок ризик во однос на воспоставените биосигурносни мерки, да бидат индивидуално идентификувани согласно Правилникот за идентификација и регистрација на животни од видот свињи и да бидат проследени со Сертификат за здравствена состојба на животните.

„Мора да бидеме внимателни бидејќи се работи за доста отпорен вирус и ако не ги почитуваме правилата можно е повторно да дојдеме во ситуација повеќе од една година да се бориме со африканската свинска чума, која може да предизвика огромно штети.“, нагласи Бабовски.

Може да ви се допадне

Ќе биде прогласена епидемија во Гостивар: Стотици прегледи на Инфективното одделение, тројца хоспитализирани
Серафимовски: Задругата ја зголемува економската сила на земјоделецот и сточарот
Големината, разновидноста и особеностите на Националниот парк „Шар Планина“бараат стручност, добра организација и постојано присуство
Министерот Серафимовски на „Фестивал на жетва“ во Новаци: Секое зрно пченица е плод на макотрпна работа, одговорност и љубов кон земјата
Удар за турскиот извоз: Русија го ограничи увозот на праски, сливи и цреши
Таг:АХВкумановолумановскониколче бабовскирепопулација
Претходен напис Во Македонија најмногу несреќи при работа се случуваат во преработувачката индустрија, голем број несреќи и при вршење работи во земјоделството
Следен напис Маричиќ: Преговорите со ЕУ ги отвораат европските програми за иновации и технолошки развој за македонските истражувачи
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?