Жолтиот кантарионот е повеќегодишно растение, распространето низ целиот Балкан и има многу корисни својства. Дејствува на згрутчувањето на крвта, го подобрува и освежува срцевиот мускул.
Дејствува против воспаленија, против чир на желудникот, добар е за зараснување на раните, делува против микроорганизми и го тонизира нервниот систем. Состојката хиперицин, која е присутна во кантарионот, има антидепресивно дејство и е дел од многу антидепресиви кои се произведуваат.

Негативните ефекти што може да ги предизвика ова растение се слични на оние што се јавуваат при плацебо употреба на лекови – вртоглавица, несвестица, стомачни тегоби и замор.
Кантарионот може да се пронајде во шуми и на ливади. Тоа ви овозможува сами да го обезбедите и да ја збогатите вашата домашна аптека. Поради тоа што може да се најде на различна надморска височина, нема одредено време во кое се бере. Бербата на кантарион започнува во време на неговото цветање. Штом процвета жолтиот кантарион, тој е подготвен за берба. Бербата се прави со сечење на гранка во должина од цветот до коренот. Штом се набере жолтиот кантарион, се врзува во снопови и се остава закачен со цветот надолу, да се суши под сенка и на проветрено место.

