Заменик-претседателот на рускиот Совет за безбедност, Дмитриј Медведев, изјави дека Москва ќе одговори со раскинување на договорот за жито преку Црното Море, кој овозможува витален извоз на житарки од Украина, доколку G7 го забрани извозот во Русија.
Земјите од Групата седум (G7) размислуваат за речиси целосна забрана за извоз во Русија, а Русија повеќепати се закануваше дека ќе се повлече од Договорот за жито, кој истекува на 18 мај.
- Оваа идеја на G7 за целосна забрана за извоз во нашата земја е добра затоа што подразбира реципрочна забрана за увоз од нашата земја, вклучително и категориите на стоки кои се најчувствителни за G7 – напиша Медведев на неговиот Телеграм.
Тој посочи дека во тој случај за нив ќе биде завршен Договорот за жито и многу други работи што им се потребни.
G7, наводно, размислува целосно да ја смени стратегијата за санкции, така што извозот во Русија автоматски ќе биде забранет, освен за стоките вклучени во списокот на производи дозволени да се извезуваат во земјата.
