Граѓаните на Македонија јадат најмногу благо во регионот, а се позиционирани високо и на европската листа, покажува анализата за потрошувачката на шеќер по земји во Европа што ја објави веб-страницата „Landgeist“, базирана на податоци од Организацијата за храна и земјоделство на ОН (ФАО).
Македонците годишно консумираат по 36,7 килограми шеќер, Хрватите се втори со 33,8, пред Грците со 31,6, Бугарите, 27,5, Србите 22,4, Црногорците со 21,2 килограми, Словенците со 19,4 и жителите на Босна и Херцеговина со 18,3 килограми.
Во Европа најмногу шеќер јадат Белгијците 48,3 и Полјаците 45,7 килограми. Најмалку слатко, пак, се консумира во Луксембург, само 10,8 килограми.

Податоците на „Landgeist“ не вклучуваат само суров шеќер, туку и количините во производите што содржат шеќер.
